Педалите и гриповите се дадени.
Не знам од каде земате грипови гумени за без пари па и со лок-он, ама еве во 13 години активно возење под 10€ солидни грипови не можам да најдам, и тоа без лок-он. Ама ако можите, можам само браво да ви кажам.
Interesen mi e delot okolu kilometrazata na delovite kakvo znacenje ima i kako ja odreduvate, od rakav ili ured nekoj za sekoj del posebno?! Prodavas kocnici za koi si 3 gazda po red a nemas dokumenti za niv, primer fiskalna smetka ili slicno...moze si i 6-ti gazda... Pretpostavuvam nemaat propisen servis napraeno od koga se dojdeni vo MK a i da bile servisirani nemas dokument, a se preporacuva menuvanje na ulje 2 pati godisno za prosecen vozac so 1000km godisno poso se na DOT4+. E sea okolu cenata gi davas 110 evra tolku se i na www.bike24.com novi so garancija na koi imas danok i carina plus. Vakvi gripovi se podaruvaat na nekoj so nema...Okolu rotorite koa gi oglasuvate so subler barem izmerete kolku e potrosen neka ima slika kako dokaz da se znae kolku imaat uste vek a se znae kolku e minimum.
Во однос на километражата, кочниците се извадени од 2020-та Canyon Spectral велосипед кои и по спецификација идеа со него. Со оглед на короната, точакот можеби беше стар 3 или најмногу 1 година. Фабричките гуми сеуште беа „нови“.
Друго, 1.8мм се фабрички и со шублер толку ги измерив, ете нека се и 1.78мм, а да ти го сликам тешко децималата да ја прочиташ, а реално можам и да го натокмам на таа вредност, од каде ти ќе знаеш дека е стегнат за диск шублерот.
Дали сум 6-ти или 8ми газда, не знам како е тоа битно. Кочниците се технички исправни и скоро „без грепка“, од око ги проверив предните пакни и се на 60% задните на 90%. 5000км сигурно немаат, пошто на дискови ќе се видеше тоа. Јас ги повозив 100км, со солидни спустови и можам да гарантирам за исправноста и моќноста на истите.
Цената од 110€ e + 20€ поштарина + 5% царина + 18%ДДВ = ~160€
Новите кочниците ќе дојдат со екстра должина која ќе треба да се крати и нов блидинг да се прави, освен некој лично дома ако не го прави, нека го додаде и тој трошок. За германска гаранција и доказ на потекло, кој сака ете за 10,000ден нека си ги купи.
Јас што ги продавам можеби нема да има потреба од кратење во зависност од велосипедот, можи дома да си ги монтира споственикот за 10 минути, и ќе ги има за 2 дена.
Во врска со сервисот, SRAM препорачува еднаш годишно менување на глицерин, или по потреба.
Ремонт на рачките и шепата по потреба.
Мое лично видување, тој што ќе ги земи, можи да смени дури 2022-ра, два пати годишно ако евентуално се трка, и вози премногу, за аматерско возење ако е се во ред, можи дури и на 2 години.
Дисковите под 2000ден не ги давам, пошто за година две, мене ќе ми требаат, па реално на подолг пат ќе заштедам ако не ги продадам.
Поздрав, стојам на располагање за повеќе прашања.