Автор Тема: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9  (Прочитано 58368 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« на: 01 Март 2021, 20:42:12 pm »
Од како ја продадов А4-ката сакав да си земам возило во кое што компромисите ќе бидат минимални или непостоечки. Заради искуствата со досегашните коли, а и желбата за нешто ново, решив дека преден погон и мануенелен мењач се минато.
Од како пред 2 години искусив возење по снежен планински пат со 320XD заклучив дека 4Х4 е тоа што ми треба, исто така сакав да бидат 6 цилиндри па веќе конкретно знаев и што ми треба. При барање на возилото имаше неколку одлучувачки критериуми што мораше да се задоволуваат и затоа потрагата треше малце подолго, плус па и со ситуацијава со Короната и неколку лоши збиднувања малце се одолговлечи целава работа.

Како и да е, по подолга потрага и логистичка голгота подпогомната од @Luki Junior кој беше да ја види во живо и го даде конечниот збор, си купив Audi A5 Sportback 3.0 TDI V6, 272hp, 600NM со ZF8 70HP менувач во Scuba Blue Metallic боја произведено во 2017 година. Го сакав конкретно овој мотор и менувач и ништо друго не идеше во предвид. Заради тоа што во верзијата со 286кс имаат воведено построги еко норми па има забележителен лаг на старт и е малце чудна за возење низ град, барем така викаат по нетов, а 218кс верзијата сметам дека е слаба и иде со S-Tronic менувач кој е доста по нежен(а и несакав да се воведам во позиција да се најдам до некоја А5-ка и да сум поспор :D ). Исто така под Маст хев ми беше и адаптивниот темпомат и адаптивната суспензија.

Возилото го купив со 75000км од Ауди салон во Германија преку програмата Audi GW Plus која што гарантира дека возилото не е удрено, направен е сервис пред превземање и проверка во 110 точки како и следувањето на 12 месечна гаранција. Истото предтоа имало 1 сопственик и го најдов на страната audi.de во користени возила. Колата секако дека ја проверив и во Порше Македонија и се си е на место и во најдобар ред.

Во колата има многу дополнителна опрема и системи за активна и пасивна безбедност, па можно е да имам скокнато нешто додека набројувам. За жал како Ауди традиција, нема електрични седишта ама тоа е, заборавиле да штиклираат некое квадратче при порачувањето. Всушност тоа е и единственото нешто што сметам дека и фали на колата :)

Ова е опремата:
- Magnetic Ride, адаптивна спортска суспензија со подесување на модот на работа на амортизерите (ова беше најважно да го има)
- S-Line Exterior Package
- S-Line Interior Package
- Titanium Black Optic Package
- Gloss Black Mirrors
- 360 Паркинг Камера(4 паркинг камери)
- Спортски седишта од кожа и алкантара со S-Line лого на нив
- Масажа на Седишта (Мислев дека е глупост ама е фина работа)
- 19 Инчни Audi Sport фелни со 255/35/19 гуми
- Матрикс LED светла со динамични жмигавци напред и назад (Ме воодушевуваат сеуште)
- Панорамски Покрив кој што се отвара (И ова мислев дека е глупост ама е ептен фина работа, штета што јаде од просторот за глава ама се исплаќа)
- Црн тапацир на кровот
- Keyless Go со проширени функции (багажот се отвора со ногата и некој такви тракатанци)
- Virtual Cockpit
- MMI Навигација Плус
- Амбиентално осветлување во 30 бои.
- Акустични предни стакла и затемнети задни стакла
- Електрична кука за влечење
- Ауди смартфон интерфејс (Apple Carplay и Android Auto)
- Греење на воланот
- Греење на седишта
- Трозонска клима
- Webasto
- Audi Connect & Vehicle Control - контролирање на возилото преку смартфон. Заклучување и одклучување, отворање на стакла и кров, контролирање на вебасто, ГПС Лоцирање
- Аларм
- Audi Phone Box (безжично полнење на телефонот)
- Предни наслони за глава со проширени можности за подесување
- Задни странични аирбези
- Audi Sound System (Бас во резервното тркало + 10 звучници и појачало)
- DAB радио и можност за прикажување на видеа
- Фрејмлес ретровизор со самозатемнување и самозатемнување на страничните ретровизори.
- LTE Support for Phone Box (ставив картичка со 4G интернет и има Google мапи, временски прогнози и сл)
- Storage and Luggage Compartment Package
- Задна клупа деллива 40/20/40
Тур Асистент Пакет кој ги содржи следните системи
  + ACC - Адаптивен крус контрол
  + ТЈА - Трафик џем асистент, систем за самостојно возење во градски гужви до 65км/ч со целосно тргање и застанување како и вртење на воланот за возилото да остане помеѓу лента
  + ALA - Audi Лејн асист. После 65 на саат се уклучува овој систем наместо TJA и истиот го одржува возилото помеѓу ленти и заедно во комбинација со ACC работат како некој прост автопилот. На секој 15 секунди мора да се допре воланот, неможе да се остави сомостојно скроз.
  + Асистент за вртење налево, со помош на ултрасонични сензори напред доколку се уклучувам на пат и треба да пресечам лента, а системот утврди дека од лева страна иде возило може да го застане самостојно возилото. Истиот работи од 2 до 10км/ч
  + Систем за помош при маневри за избегнување на препрека. Овој систем работи преку торк стир.
  + Audi Pre Sense Front, самостојно предупредување за препрека пред возилото и кочење доколку е потребно. Работи до 250км/ч
  + Препознавање на знаци за огранчување на брзина
  + Предиктивен темпомат (лош превод) али у глобала може сам да го кочи возилото за патарини, сам да чита знаци и преку нив да го контролира темпоматот, на долниште некако моторот у лер го става и слично. За жал ова не работи во Македонија
- Сити асистент пакет со пакет за паркирање кој ги вклучува следните работи
  + ASA - Audi Side Assist, на внатрешна страна од ретровизорите јавува преку ламбиче доколку имам возило во мртов агол.
  + Audi Pre Sense Rear, го следи сообраќајот зад возилото и доколку има опасност од судар ги стега појасите, го затвора кровот....
  + Audi Rear Cross Traffic Allert - Доколку испаѓам од паркинг во рикверц преку ултрасоничните радари ме известува дали од некоја страна иде возило и доколку е потребно го кочи возилото.
  + Самостојно паркирање и одпаркирање на возилото од паркинг место.

Еве многу слики :D





































« Последно менување: 08 Март 2021, 20:26:47 pm Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #1 на: 01 Март 2021, 20:46:52 pm »
Честитки Саше!

Е вака се купува кола :)

И пак сликите не ја доловуваат како што е во живо. Стварно ти го крши вратот на улица!

D-r Ordevski

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #2 на: 01 Март 2021, 20:53:48 pm »
Breeeeeeee
Ti bre kola ili vselenski brod si zemal citam citam oprema ti za sedistata si se fatil. Kjuti tamo ekstra koliste.
So zdravje da si go vozite i mnogu bezgrizni km pa naredno idenje u veles kje ti se tupnam cisto samo da ja razgledam nekako merak mi napravi gledajki gi slikite.

Отсутен stavrov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 514
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #3 на: 01 Март 2021, 20:55:25 pm »
Прекрасно, честито и со здравје да се вози.

Sent from my SM-N975F using Tapatalk


Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1075
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #4 на: 01 Март 2021, 20:56:16 pm »
Преуба е, создравје да се вози

Отсутен dreamson

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 636
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #5 на: 01 Март 2021, 21:03:35 pm »
Со здравје да ја возиш, кола за мерак!

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #6 на: 01 Март 2021, 21:19:22 pm »
Мм убави моменти да си поминете. Супер е тоа што уште во старт си знаел што си сакал. Секоја чест и за стројникот Луки :)

Отсутен Marakana

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 886
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #7 на: 01 Март 2021, 21:20:46 pm »
Wow koliste, ne sum fan na audi ama WOW. Prekrasno auto
Коме је суђено да буде јебан, том гаће саме падају

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #8 на: 01 Март 2021, 21:25:53 pm »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Убаво што ставиле да ти дава на која планета си, со ваков спејс шатл ептен може да забегаш.

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3803
  • Боинг 747
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #9 на: 01 Март 2021, 21:37:40 pm »
Значи мора да купам AUDI кој мерак е возилово  . Со здравје да те служи. Одличен модел и одличен мотор. Да си се изнавозиш :)

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5189
  • Пиши лаже
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #10 на: 01 Март 2021, 21:45:40 pm »
Убавина. Со здравје да си ја возиш Саше уште еднаш. Ја видов пред недела дена, помина пред мене. Елеганција у движење. :)
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #11 на: 01 Март 2021, 21:49:58 pm »
Колата е прекрасна и нема врска со онаа која ја имав коментирано пред некое време.

Долго да уживаш со неа и долго да те служи.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3176
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #12 на: 01 Март 2021, 21:56:10 pm »
Ufff mnogu ubava a veruvam i mokna 🙂

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #13 на: 01 Март 2021, 22:01:47 pm »
Одличен избор. Честитки да се изнауживаш. Како се понаша по дупките наши адаптивната со 19ки?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #14 на: 01 Март 2021, 22:06:44 pm »
При толку гледање и бирање не виде дека ти фали една педала ;D

Со здравје да се вози болидов.