Автор Тема: Продавам домашни производи  (Прочитано 6399 пати)

Отсутен stavrov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 514
Продавам домашни производи
« на: 23 Јануари 2021, 10:53:17 am »
Моите секоја година прават повеќе производи од грозје па доколку е некој заинтересиран може да ме контактира. Сите производи се добиени од наше лозје одгледувано од нас.

Ракија домашна жолта и бела без шеќери или било какви додатоци. Бојадисувана со чипс од даб дрво. Имаме од 1 до 20 години стара. Цена од 160 ден./л нагоре.

Мастика домашна правена со мастикос од Грција специјално земано за таа намена.
Цена 250 ден./л

Маџун (гроздов мед) правен по стари рецепти со пепел. Пакуван во тегли од 700 г. цена 380 ден./тегла

За поголема количина има корекција на цената.

Sent from my SM-N975F using Tapatalk


Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7069
Одг: Продавам домашни производи
« Одговори #1 на: 23 Јануари 2021, 11:28:26 am »
Кажи збор два за маџунот, за што се се користи и сл. За ракијата си заеме :)


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Продавам домашни производи
« Одговори #2 на: 23 Јануари 2021, 11:46:00 am »
Маџунот е многу здрава работа. Јас на децава им давав наводно за јакнење имунитет.

Отсутен stavrov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 514
Одг: Продавам домашни производи
« Одговори #3 на: 23 Јануари 2021, 11:52:02 am »
Има многу лековити својства, помага при настинки, инфекции на дишните патишта, јакнење на имунитетот итн итн. Добра работа е што можеш да си го разматиш во чаша млеко и да го конзумираш како засладувач наместо шеќер.

Sent from my SM-N975F using Tapatalk


Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Продавам домашни производи
« Одговори #4 на: 23 Јануари 2021, 13:15:16 pm »
Дефинитивно го препорачувам гроздовиот концентрат на сите. Можеби тоа е она што ми го потпомага за имунитетот и крвната слика, последниве 5 години најмалку.

Бидејќи не консумирам бел шеќер, често си го додавам во вода после ручек, во јогурт или protein shake после вежбање.

Ќе те имам на ум, понатаму ќе пробам и од твојот производ.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7069
Одг: Продавам домашни производи
« Одговори #5 на: 23 Јануари 2021, 15:47:25 pm »
Јас би сакал една тегла маџун и една полнолетна ракија, 1 литро, чисто да ја пробам каква е.

Не е итно, кога и да те води патот накај Скооје, за месец, два, не ми се брза.

Отсутен stavrov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 514
Одг: Продавам домашни производи
« Одговори #6 на: 23 Јануари 2021, 15:59:09 pm »
На 3ти планирам да доаѓам накај Скопје, остави ми број во порака и ќе се договориме.

Sent from my SM-N975F using Tapatalk


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17501
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Продавам домашни производи
« Одговори #7 на: 23 Јануари 2021, 21:19:28 pm »
На 3ти планирам да доаѓам накај Скопје, остави ми број во порака и ќе се договориме.

Sent from my SM-N975F using Tapatalk



Ако е околу 3ти, мене ќе ми донесеш од истата ракија што зедов прошли пат, ми ја бендисаа другари па сакаат за себе.

4.5, 5 литра, зависи како ти е пакувана :)

Отсутен stavrov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 514
Одг: Продавам домашни производи
« Одговори #8 на: 23 Јануари 2021, 21:27:37 pm »
На 3ти планирам да доаѓам накај Скопје, остави ми број во порака и ќе се договориме.

Sent from my SM-N975F using Tapatalk



Ако е околу 3ти, мене ќе ми донесеш од истата ракија што зедов прошли пат, ми ја бендисаа другари па сакаат за себе.

4.5, 5 литра, зависи како ти е пакувана :)
Договорено

Sent from my SM-N975F using Tapatalk


Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Продавам домашни производи
« Одговори #9 на: 24 Јануари 2021, 00:14:08 am »
Тргна работава со жуто, у пичку... :)))

Шала на страна, како ги движиш цените за постара ракија?
И колку количина имаш од таа?
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен stavrov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 514
Одг: Продавам домашни производи
« Одговори #10 на: 24 Јануари 2021, 00:25:56 am »
Тргна работава со жуто, у пичку... :)))

Шала на страна, како ги движиш цените за постара ракија?
И колку количина имаш од таа?
Без подмачкување не оди работата . Оваа што ја земаат веќе двајца членови е најстара што ми е за продажба, околу 15 до 18 години. Незнам колку има останато тоа татко ми си води евиденција цената е 300 ден./л. Има и попресна околу 5 до 10 години, таа е 220 ден./л. И има пресна нели али покасно се вади од оваа година пошто прво се продава останатата од предходната и од предходно една година па после новата, таа е по 160 ден./л. Инаку имам уште некое шише, со мене генерација 32 годишна, таа ја служевме на свадбата и беше како зејтин. Таа не ми е за продавање само може за дегустација доколку некој го носи патот наваму.

Sent from my SM-N975F using Tapatalk


Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Продавам домашни производи
« Одговори #11 на: 24 Јануари 2021, 00:31:01 am »
Хммм... ок, дај од таа 16-годишната една петлитарка и полалитарка од најстарата за дегустација. :)

Некни пеев пиратски песни, да видам твојата што мелодија ќе извади...
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен stavrov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 514
Одг: Продавам домашни производи
« Одговори #12 на: 24 Јануари 2021, 00:35:12 am »
Хммм... ок, дај од таа 16-годишната една петлитарка и полалитарка од најстарата за дегустација. :)

Некни пеев пиратски песни, да видам твојата што мелодија ќе извади...
Пиши ми во пп бројче и колку да спремам па на наредно идење ќе те барам.

Sent from my SM-N975F using Tapatalk


Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Продавам домашни производи
« Одговори #13 на: 24 Јануари 2021, 00:38:59 am »
Хммм... ок, дај од таа 16-годишната една петлитарка и полалитарка од најстарата за дегустација. :)

Некни пеев пиратски песни, да видам твојата што мелодија ќе извади...
Пиши ми во пп бројче и колку да спремам па на наредно идење ќе те барам.

Sent from my SM-N975F using Tapatalk



Стопане му...

Пратив, ама вака ми вика:
"Ве молеме обидете се повторно. Ако се случи истата грешка, пријавете ја на администраторот."

@zeroSignal ви молем, да се смени 'молеме'?! :D
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Продавам домашни производи
« Одговори #14 на: 24 Јануари 2021, 06:14:19 am »
Да не сакате Нерешка ракија? ;D