Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 148894 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14075
  • Пудингот на шоферството
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1365 на: 22 Август 2023, 22:11:18 pm »
Нежни газиња кај младинава, комфор/опрема за до работа и назад ;D
Е тука се сложувам со Микиус, Е класа, БМВ 5ка, ,Ауди а4 ка и нз што биле повеќе кола од Шкода. Абе се, ама друже со 500,600 евра плата не си ти за Е класа, БМВ 5ка, и Ауди А4ка. Да не се најде некој во муабетов, кон никого не е таргетиран, ама го опишува просечното Македонсо општество.

Проблемот е што со таа плата не може ни добра половна кола да земеш, не па нова кола.

Мазда 6 нова,0км, 2.2 мислам мотор 150кс 32990€
Мерцедес Е63 в212 фл,2014г,100Ккм коњи колку да сакаш,34000€...
Воопшто не се мислам шо ќе одберам,само се чека моментот.😁
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10140
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1366 на: 22 Август 2023, 22:33:50 pm »
Живеалиштето е најскапо нешто. Врзан си до 50-та година да плаќаш (просек), и да се надеваш дека никогаш нема да се разболиш, или нема да те избркаат.

@Mikius тоа е друго веќе. Јас те разбрав, дека мора сите ново да возиме.
А и сега реално, за 12/13 не знам што коли има. (Не пратам за жал). Ама, според мене, повеќе комфор/опрема има во половна, повисока класа, отколку шкода фабиа, за исти пари. (Под услов и шкодата да е 12/13к евра.
Мој добронамерен совет,за таа плата бегај од фабрика!Оди вози комбе со Б или боље у кам отиди барем ке зимаш над 35.000 плата...Се да им е*ам на тие газди што во фабрика даваат 27 плата....
@Mikius и ти да го возеше хјундаито како баланар и твоето ке почнеше сеа да откажува,човекот има 50.000 поминато за 3 години што и не е така мала километража за македонија....

Sent from my iPhone using Tapatalk
Точно, ама па Југото го возев токму така што не е мала километража за Македонија, Србија, Босна, и пак помалку дефекти имав.
Но тоа не значи дека се немав соочено со бриколажи од претходниот сопственик, како на пример шипките од брисачи од 101 :D или кабел од 101 бобина до разводник, и уште некои стварчици :D
А и јас продолжив у ист фазон кога го спуштив 2 круга и откорнав ауспух на едно шахтиче...на сервис ми монтирале издувнаа грана од 101 (од оние што режеа), и поради тоа цевката до средниот лонец стоеше пониско...

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 564
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1367 на: 22 Август 2023, 22:34:02 pm »
Двете коли што сум ги платил + сите трошоци дадени за сервиси за нив заедно едвај покриваат еден нов фамилијарен хеч. Не мора, фала.

Она што јас го имам вложено во мојата (куповна цена плус сервиси/дефекти) е еднакво на учество за лизинг за основно опремен Цитроен Ц4 со основен мотор и рачен менувач. Од тука па натаму ќе треба да плаќам околу 230-240 евра месечно.

Да не се разбереме погрешно, да имав муда (т.е. да бев добро оженет) ќе си купев нова кола. Не бранам никому да купува, кој може нека си го прави меракот.

Мене нова кола не ми прави мерак*, ми прави мерак добра платформа со добар мотор што можам по кеиф да си ја средувам, па дури и да има некој проблем тук там. Деца немам, работата ми е од дома така да и да има дефект и да треба недела дена да чекам дел, не ми е блокер.

* Нова М5 Competition или Giulia Quadrifoglio итекако би ми правеле мерак   ;D

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8825
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1368 на: 22 Август 2023, 23:31:16 pm »
Coekov veke prai plan sledno novo so ke zeme, sea ke otvori tema za predlog, duri go isposovetuvate ke padnat cenive.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1488
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1369 на: 22 Август 2023, 23:45:07 pm »
Двете коли што сум ги платил + сите трошоци дадени за сервиси за нив заедно едвај покриваат еден нов фамилијарен хеч. Не мора, фала.

Она што јас го имам вложено во мојата (куповна цена плус сервиси/дефекти) е еднакво на учество за лизинг за основно опремен Цитроен Ц4 со основен мотор и рачен менувач. Од тука па натаму ќе треба да плаќам околу 230-240 евра месечно.

Да не се разбереме погрешно, да имав муда (т.е. да бев добро оженет) ќе си купев нова кола. Не бранам никому да купува, кој може нека си го прави меракот.

Мене нова кола не ми прави мерак*, ми прави мерак добра платформа со добар мотор што можам по кеиф да си ја средувам, па дури и да има некој проблем тук там. Деца немам, работата ми е од дома така да и да има дефект и да треба недела дена да чекам дел, не ми е блокер.

* Нова М5 Competition или Giulia Quadrifoglio итекако би ми правеле мерак   ;D
Штета што М5 комп мора да е нова...

https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4751021

Мене не ми прави ќејф, инаку ќе ја купев

Sent from my SM-S908E using Tapatalk

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 564
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1370 на: 22 Август 2023, 23:51:34 pm »

Не мора да е нова, ама на оваа цената + давачките за увоз скоро колку нова ќе те фатат и плус ќе си ја нарачаш во боја што не е бела  ;D

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2076
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1371 на: 23 Август 2023, 00:47:10 am »
човекот има 50.000 поминато за 3 години што и не е така мала километража за македонија....

50.000km во време на корона, да не се заборави.

Јас колата ја купив јули 2020-та, веќе беа почнати срањата од март истата година и веќе бевме испозатворени во карантини и полициски часови до јуни 2021-ва. Имаше месеци каде ни 100km не се возеа.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6129
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1372 на: 23 Август 2023, 07:17:16 am »
Леонов е најпопуларното возило на форумот.  ;D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10140
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1373 на: 23 Август 2023, 07:21:00 am »
човекот има 50.000 поминато за 3 години што и не е така мала километража за македонија....

50.000km во време на корона, да не се заборави.

Јас колата ја купив јули 2020-та, веќе беа почнати срањата од март истата година и веќе бевме испозатворени во карантини и полициски часови до јуни 2021-ва. Имаше месеци каде ни 100km не се возеа.
Имало или немало ковид, тоа е сосема нерелевантен податок, километража си е километража.
Релевантен податок е дека за 50.000км си тргнал на колата речиси 250.000 денари, односно преку 4.000 евра (без гориво).
Ете, извади ги регистрационен од по цирка 20000 денари се доаѓа до сума од 3.000 евра.

Тој трошок е кај мене 0 за истата километража.

Или со други зборови, кога дојде ред да вложам 1.000 евра на Меганот (голем сервис, гуми, и уште нешто ситно) заклучив дека е време за продажба и тие 1.000 евра да ги вложам во нова кола.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17308
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1374 на: 23 Август 2023, 07:39:02 am »
Тој трошок е кај мене 0 за истата километража.

Ако 50.000 километри си ги поминал за 5 години и просечен сервис те кошта 13.000 денари, си потрошил 1.100 евра за таа километража.

Значи, на куповна цена на возилото од (типувам) 17.000 евра, плус 1.100 евра во сервисирање, тебе 50.000 километри те коштаат 18.100 евра. Ако купувањето на колата ти е преку финансирање (кое се надевам веќе завршило), тоа ќе биде и некоја годишна каматичка од 5% на позајмената сума (да заокружиме дека си позајмил 10.000 евра), за 5те години односно 50.000 километри си доплатил уште 2.500 евра на ставка камата.

Сума сумарум, за да поминеш 50.000 километри си платил 20.600 евра, кои прават оние на @balanar да личат доста поприфатливи.

ЕДИТ: Или ако рачунаме само трошоци без купување на возилото, 50.000 километри те коштаат 3600 евра без регистрации и гориво.
« Последно менување: 23 Август 2023, 07:53:34 am MartinAlfista »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10140
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1375 на: 23 Август 2023, 08:20:49 am »
Тој трошок е кај мене 0 за истата километража.

Ако 50.000 километри си ги поминал за 5 години и просечен сервис те кошта 13.000 денари, си потрошил 1.100 евра за таа километража.

Значи, на куповна цена на возилото од (типувам) 17.000 евра, плус 1.100 евра во сервисирање, тебе 50.000 километри те коштаат 18.100 евра. Ако купувањето на колата ти е преку финансирање (кое се надевам веќе завршило), тоа ќе биде и некоја годишна каматичка од 5% на позајмената сума (да заокружиме дека си позајмил 10.000 евра), за 5те години односно 50.000 километри си доплатил уште 2.500 евра на ставка камата.

Сума сумарум, за да поминеш 50.000 километри си платил 20.600 евра, кои прават оние на @balanar да личат доста поприфатливи.

ЕДИТ: Или ако рачунаме само трошоци без купување на возилото, 50.000 километри те коштаат 3600 евра без регистрации и гориво.
Каква демагогија.

Да пресметаме и кој што јадел за време на тие 50.000 км?

Нормално дека рачунаме 50.000 без регистрации и гориво.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1544
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1376 на: 23 Август 2023, 08:36:13 am »
Дај Боже сите да купите нови коли какви што сакате. Нема поголем раат.
« Последно менување: 23 Август 2023, 08:45:13 am Bravo »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17308
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1377 на: 23 Август 2023, 08:45:45 am »
Каква демагогија.

Да пресметаме и кој што јадел за време на тие 50.000 км?

Нормално дека рачунаме 50.000 без регистрации и гориво.

И ти зема и така пластично му ги пресмета на човекот трошоците, иако во нив се пресметани истите редовни сервиси што јас ти ги пресметав на тебе :) Ако кај него има ситни дефектчиња што влечат пари, кај тебе тие се заменети со камата, која секогаш била и секогаш ќе биде трошок.

По таа филозофија, ти за 50.000 километри имаш потрошено повеќе пари од него :)

Поентата ми е, со туѓ к*р лесно се млатат коприви, џабе му ја правиш математиката кога нити му ја знаеш ситуацијата, нити му го знаеш џебот.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8825
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1378 на: 23 Август 2023, 09:30:20 am »
@Mikius neznam so sakash da pokazes i dokazes. Sekako deka nova kola da si kupish e najdobra opcija. Ne sekoj moze da si dozvoli i sekako lugevo imaat i drugi potrebinosven najgolem del od primanja da im odat na kredit na kola.
Nema nikakva finansiska logika deka stara ke te koshta poveke od nova, osven neznam kakov defekt da te strefi pa da treba nekoj ogromen zafat da pravish. Se znae shto e poeftino i se znae deka se ocekuvaat neplanirani odrzuvanja vo sporedba so nova kola.

I nema vrska kolku pominal i kolku e stara kolata, jas licno vo izminatite 5 godini prodadov 2 koli po 11 god stari koi bea kupeni novi so po 150 do 180k km pominati lugeto so gi kupija use se prezadovolni.

Ednostavno vozilovo na balanar od pocetok beshe so somnitelna istorija coekot za razumni pari go odrzava i vozi.

Koj saka so saka moze da si kupi so ogled na toa koi mu se moznostite inace da sekoj da ima bi kupil novs kola duri i ovie so vikaat deka ne sakaat nova.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2076
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1379 на: 23 Август 2023, 10:03:02 am »
Ednostavno vozilovo na balanar od pocetok beshe so somnitelna istorija coekot za razumni pari go odrzava i vozi.

Не ти го разбирам ова.

Леонов немал поголеми дефекти и трошоци, за каква сомнителна историја збориме?
Или да ги извадам од Fuelio сите ставки што е променето, па да ја процениме „сомнителната историја"?

Некако одредени членови овде пробуваат да остават впечаток дека Леонов бил крш пред да го купам и дека уште е. Не знам поради кои побуди.
Овој наратив воглавно го фура игнорираниот искомплексиран деген, а неколку членови се надоврзуваат.