Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 146085 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14069
  • Пудингот на шоферството
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1320 на: 13 Август 2023, 14:23:52 pm »
Ѕвонко со бубите,Дејан Сигурност,Кире Раштански лозја(беше член на форумот @stig )...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1321 на: 13 Август 2023, 15:05:54 pm »
Ѕвонко со бубите,Дејан Сигурност,Кире Раштански лозја(беше член на форумот @stig )...

Тој со Бубите во Оризари е?
Таму ми кажаа дека е, ќе ми дадат телефон попосле...
« Последно менување: 13 Август 2023, 15:15:24 pm balanar »

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14069
  • Пудингот на шоферството
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1322 на: 13 Август 2023, 15:15:32 pm »
Ѕвонко е во Горно Оризари на влезот е да.А  @stig  исто тој е ,ама одамна колку шо знам не е активен.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1323 на: 13 Август 2023, 15:33:19 pm »
Ѕвонко е во Горно Оризари на влезот е да.А  @stig  исто тој е ,ама одамна колку шо знам не е активен.

Ти благодарам Мече, му пишав на Ѕвонко, го најдов на Фејсбук. Нестрлив сум додека ми дадат телефонски број...

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14069
  • Пудингот на шоферството
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1324 на: 13 Август 2023, 21:52:28 pm »
Isto ako ne najdis termin kaj ovie lugje,odi kaj Pirkovski(i toj e vo nas. Gorno Orizari)...Ako ne se snajdis baraj go brat mi slobodno(broj vo pp),pa ke vidi toj so mozi da napravi kaj nekoj od tie majstori vo koi ima doverba.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1325 на: 14 Август 2023, 23:01:56 pm »
Решен денес сабајлечки проблемот, сега успеав да пишам, се прибравме пред малку од Битола, се во ред по патот.
Бев кај мајстор Ѕвонко во Г. Оризари, доста опремен, си ја знае работата, смирен, гледа да објасни што, како. И јас ако би живеал во Битола - таму би го носел на одржување Леонот.
Му објаснував и за Vozzi, се чудеше дека постои воопшто. Го прашав што правевме ако е водена пумпа - вика Ќе ја менувавме, нема спас  :-X



Проблемот излезе пукнато црево од казанчето за антифриз до телото на термостатот. На едно место допирало до моторот (се гледа дури како излижан метал на страната на моторот каде допирало претходно), омекнало и пукнало.



Првично мислеше да го премости од онаму каде го сецна (со црвено) на ист начин како означеното со зелено (некој претходно го правел истото), ама некако му дојде шубе да има двојни премостувања, па на крај најде црево и го пушти од самото казанче до првичното премостување (она со зеленото заокружено):









Во себе имав веќе едно шише од 1.5L измешано 50/50 антифриз G12+ и дестилирана вода, го додадовме целото, чекавме да повлече некое време и си заминав. После сервисот паркирав во Битола и почекав да излади саат-два. Дотурив чист G12+ (некаде околу 300ml да стигне до max) на изладен мотор бидејќи пред да одам на мајстор дотурив пола литро вода, па Ѕвонко ме советуваше да додадам чист концентрат во системот.



Сосема коректна цена за дијагностиката (вакум направи од казанчето за антифриз да види каде тече), работната рака, половно црево (од Голф 5 мислам дека рече оти е), де-монтажа и монтажа на цревата и казанчето за антифриз - 1000 денари.

За крај - голема благодарност до @MecheTo и @tomaso кои ми пишаа пораки со напатствија за помош и совети, како и до @Ordevski и @Power to the people @Carpathian Lord од другата тема.
« Последно менување: 14 Август 2023, 23:11:27 pm balanar »

Присутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2152
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1326 на: 15 Август 2023, 08:34:39 am »
Убаво се завршила приказната и си имал среќа баш на време што ти се деси а не некој ден подоцна на одмор. Кажи ми зошто помисли дека е водна пумпа а не некое црево, не се гледаше визуелно дека тече од погоре, од кај цревото?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1327 на: 15 Август 2023, 10:12:47 am »
Убаво се завршила приказната и си имал среќа баш на време што ти се деси а не некој ден подоцна на одмор. Кажи ми зошто помисли дека е водна пумпа а не некое црево, не се гледаше визуелно дека тече од погоре, од кај цревото?

Јок, никако, се мачев да видам. Некако подлизнувало чудно.
 
Затоа и на сликите е откачен филтерот за нафта, од него не се гледаше ништо ццц

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1328 на: 22 Август 2023, 08:07:05 am »
Клабери, ми треба помош/совет за еден технички проблем, сакам да го решам пред да одам на одмор. Утре ќе ја однесам и на мајстор да ја ѕирнат од долу.

Со месеци слушав/слушам како некое пукање/тропање на пластика, строго при нагло тргнување и застанување, од совозачка страна, некаде помеѓу моторот и тркалото. Мислев дека е некоја пластика откачена од подкрилото и не се замарав баш.
Приметив на пример, кога ќе застанам на патарина да платам и ќе тргнам нагло. Се слуша како крц, крц крц. Или ќе закочам нагло.
Чудно е што не прави секогаш при нагло стартување и кочење, но во голем дел од времето - да.
Во возење ништо нема, како и при вртење на воланот во место.

Последниве недели истиот звук зачести и при вртење на воланот во полн десен и тргнување во рикверц.
Снимав и видео:


Некоја идеја?

Мал апдејт за проблемов. На друг мајстор беше сменет внатрешен зглоб на десна полуосовина, но проблемот остана.
Вчера го дијагностицираа, а ќе се поправа после одморот. Ми рекоа дека нема проблем да се вози вака, ама ќе ги смениме секако.
Беше проверена и предницата попатно, била одлична.

Отидени два држачи на мотор/буфери.
Десниот горен e во полоша состојба (не го знам точниот назив на англиски) и долниот (subframe bush - lower engine mount).
Левиот горен (под акумулаторот) бил во ред, а од таму немам ни крцкање.










« Последно менување: 22 Август 2023, 08:24:45 am balanar »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1329 на: 22 Август 2023, 09:05:11 am »
Едно, во една прилика кога ти кажав дека не можеш да знаеш што се е сменето/импровизирано со неоригинален дел од претходните сопственици, ти се налути, а ете, и самиот буташ делови од туѓи коли :D
И сето тоа е во ред до некаде (снајди се па живеј), доколку не се налутеше на моето кажување.

Друго, дали си свесен со колку проблемчиња се соочи за овој период додека ја поседуваш колата?
Мислам, секоја чест за трудот и истрајноста да ја одржуваш колата на ниво на солидна техничка исправност, но се надевам дека ќе извлечеш (а и останатите на форумов) поука дека раатот што ќе ти го пружи нова кола па макар била и Дачија е бесценет
Пред повеќе години ќе кажев Шкода, Хјундаи и сл., иако и денес сеуште има народ што не ги признава ни под разно ;D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17295
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1330 на: 22 Август 2023, 09:52:39 am »
И јас би сакал нова кола, само кажете ми како најлесно се гладува во темница со исклучена струја :) пробав еднаш, ми се снеарни после 2 и пол дена.

Купување на ново возило е прилично голем, напреден финансиски чекор, и математиката (моја, зошто сличен к*р јадам како @balanar поради мојата перфекционистичка природа) вика дека месечно ми требаат 250 евра за рата за станот, 120 евра за сметките за истиот, и околу 200 евра за рата за новата кола и гориво околу 50тина евра месечно, невклучувајќи го сервисот од речиси 200 евра и задолжителното каско од 350тина евра годишно.

Математиката ќе ве оставам да ја направите сами, бидејќи јас неколку пати сум ја правел и некако не можам да ги сврзам првиот и последниот ден од месецот.

Во поглед на одржување старо возило, трошоците генерално ги предвидувам и планирам со месеци однапред бидејќи си ја знам колата, освен нели непланирани дефекти, и обично се движат далеку под тие 200 евра за задолжителната месечна рата за новото возило.

На крај, ако смеам народски да се изразам, се сведува на "не е скапа новата кола, лошо се имаме оженето" :)

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6090
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1331 на: 22 Август 2023, 09:56:09 am »
Едно, во една прилика кога ти кажав дека не можеш да знаеш што се е сменето/импровизирано со неоригинален дел од претходните сопственици, ти се налути, а ете, и самиот буташ делови од туѓи коли :D
И сето тоа е во ред до некаде (снајди се па живеј), доколку не се налутеше на моето кажување.


Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1717
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1332 на: 22 Август 2023, 10:04:05 am »
Нова кола и Леон од 5,6к евра, споредбата не е баш на место. Оди купи нова, мочана Фабија 20к евра ја направија а пред 3 години Голф 7 ца пишаа дека се зимаше, дизел. Лакомоста на производителите и дилерите кај нас направи да и тие што некогаш можеле да купат нова кола, сега бараат само половна.

Провери цени на нови коли во Хрватска и Македонија, особено VW, Skoda, Seat. До пред некој година во Хрватска секој модел беше 2,3к евра поскап, а сега се поевтини за 2,3к евра,минимум !

Па сега извлечете заклучок, додатно Хрватска ако не се лажам имаат 25% ДДВ на возила. Фактот е дека македонските импортери станаа прелакоми, да можеа Фабија 1.0 МПИ 30к евра ќе ја продаваа, а сигурно ја набавуваат за 13,14к евра.

Фала богу половните коли почнаа да паѓаат ценовно,па пак ќе има избор што да се купи.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2552
  • Слобода или смрт
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1333 на: 22 Август 2023, 10:16:11 am »
И јас би сакал нова кола, само кажете ми како најлесно се гладува во темница со исклучена струја :) пробав еднаш, ми се снеарни после 2 и пол дена.

Купување на ново возило е прилично голем, напреден финансиски чекор, и математиката (моја, зошто сличен к*р јадам како @balanar поради мојата перфекционистичка природа) вика дека месечно ми требаат 250 евра за рата за станот, 120 евра за сметките за истиот, и околу 200 евра за рата за новата кола и гориво околу 50тина евра месечно, невклучувајќи го сервисот од речиси 200 евра и задолжителното каско од 350тина евра годишно.

Математиката ќе ве оставам да ја направите сами, бидејќи јас неколку пати сум ја правел и некако не можам да ги сврзам првиот и последниот ден од месецот.

Во поглед на одржување старо возило, трошоците генерално ги предвидувам и планирам со месеци однапред бидејќи си ја знам колата, освен нели непланирани дефекти, и обично се движат далеку под тие 200 евра за задолжителната месечна рата за новото возило.

На крај, ако смеам народски да се изразам, се сведува на "не е скапа новата кола, лошо се имаме оженето" :)

Ако трошиш 50 евра месечно за гориво не ти треба кола  ;)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1334 на: 22 Август 2023, 10:23:35 am »
Мартин и Ангел, што отидоа цените отидоа, но и пред да отидат цените истото се верглаше, Дачиа, Шкода, Хјундаи и слични, џабе да им ги давале немало да ги земат, срамота било со такви коли :)

За i10ката рата ми беше 8.000, за i20 во тогашно време мислам дека излегуваше 9.500, А за i30 11.000 денари на 5 години со минимално потребно учество од 10% колку бараа преку Тутунска банка.
 
Е сега нормално, си има луѓе што немаат за нова и ќе си се дружат пред сервис :)