Џабе си потрошил време да објаснуваш, некои луќе постојано истото ќе го трубат ксенонче, спуштање, бандавче на ново ауто од 2019 година. Очигледно некој нема контакт со реалноста, јебига.
А многу интересно е што и ксенон веќе станува минато, фул лед е новата мода. Голем ку* што инсигнијава имала халогенки, мислам да не му ја труеме темата на човекот. Нека каже моторот како се понаша
Многу малку километри имам поминато за да дадам некоја подетална анализа, ама можам да ги пренесам првите впечатоци за моторот и вожњата.
Прво, морам да си кажам дека коментарите кои ги пишуваат на review-а за овој модел на YouTube на интернет се неосновани. Има неверојатен хејт кон opel insignia/vauxall insignia/buick regal, посебно кон holden. Величање на други брендови, оваа била ѓубре, и слично. Јас воопшто не се сложувам со тоа. Како и за секој производ наменет за широки народни маси, си важи правилото "колку пари, толку музика". А, бидејќи сме луѓе, нормално е еден автомобил по изглед, вожња, мотор, перформанси, динамика, потрошња на еден човек да му се бендисва, на друг не. И за истите пари, еден ќе купи лимузина, друг СУВ, трет hatch; еден ќе купи VW, друг Mazda, трет Opel, четврт Peugeot, итн. Ама тоа да премине во хејт, по мене е идиотско.
И затоа пишувам на овој форум, бидејќи има вистински вљубеници на автомобилите, кои даваат одлични совети и реален осврт.
Сметам дека Insignia има одличен однос на вложено/добиено. За секојдневна употреба, колата е супер. Филингот внатре на ентериерот не е премиум, мене ми е многу OK. Управувањето е одлично, менувањето на брзини е многу добро, дозирањето на педалите е одлично, кочењето е одлично.
Прегледноста е многу подобра отколку што очекував. Седењето е одлично. Во кривини е доста стабилна.
Кај мојата Insignia има подобар фидбег на воланот, каде се тркалата, во споредба со тест возилото кое го возев пред да се одлучам да ја капарам. Сепак, мојата кола има малку поизразен road-noise отколку тест возилото. Зборувам за брзини од околу 120 км/ч. Може да е поради различни гуми. И ова мислам дека и е единствена забелешка за колата, мислам дека конкуренцијата тука е подобра. Од друга страна, моторот и ветрот се одлично изолирани.
Тоа што посебно ме импресионира е каки ги пегла дупките и нерамнините. Се воодушевивме со сопругата кога возевме по коцката од Бутел до Мирковци. Капа долу за ова.
За моторот, далеку е од нешто тркачко и моќно, ама солидно си влече. Меѓузабрзувањата се OK. Многу тивок мотор е. За секојдневна употреба е таман. Досега, со околу 120 поминати км, просечна потрошувачка е 9.7 литри, според борд компјутер.