Општо во Европа, кај дизелите техничкиот преглед се мери дим на полна гас но има две поделби. Едно е за дизели без фабрички дпф (еуро 1, 2, и 3 и донекаде мислам 4) и тука границата за дим/чад е повисока од границата за модерен дизел со дпф. Тука зборам за разлика од 3 пати конкретно, што е многу.
Нормално, има разлика од земја во земја но благо речено ако имаш дпф а колата дими дури и скоро невидливо тоа не значи дека дека е ок т.е. нема да поминеш технички преглед. Ако се е исправно тогаш апаратот што мери дим на ауспух на возило со дпф секогаш покажува најминимално количество на дим, скоро ич но сепак мора да постои како бројка во мерна единица.