Автор Тема: Opel Corsa C 1.0 проблем  (Прочитано 8153 пати)

Отсутен HardCorec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Opel Corsa C 1.0 проблем
« на: 10 Мај 2018, 20:59:23 pm »
Дечки ми треба помош/совет од вас :)

Пред повеке од една недела си направив некој проблем со колата, се си беше екстра со неа додека еден ден не почна тешко да пали, според начинот на палење (тешко верглање) ми изгледаше како да имам проблем со акумулаторот, јас паметен е однесов колата кај едно типче да го "тестира" акумулаторот, типчето ме тераше да стегам на гаста додека тој со некој инструменти го чепкаше акумулаторот (стегањето на гаста беше скоро до крај), после тоа "тестирање" ми кажа да е изгасам колата и повторно да е запалам, истото го направив и колата си запали од прва, но кога стегнав на гаста таа не функционираше, добива мала гас но максимум до 1500 обртаи и ништо повеке од тоа, е однесов на мајстор и тамо ми кажаа дека е клапната за гориво (на компјутер е дава како electronic throttle control), error p1500, купив клапна е монтиравме и проблемот си остана, после тоа кажаа дека "можеби е педалата за гас", среќа не требаше да купувам и педала бидејќи имаа нивна па е ставија за проба, проблемот си остана, компјутерот го извадивме и го однесов кај друго мајсторче кое го тестираше и ми кажа дека компјутерот нема проблем... единствено не се проверени каблите за струја... но на прв поглед изгледаат како да се здрави.
Дајте некој совет, од ваше искуство што би можело да биде проблем?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Opel Corsa C 1.0 проблем
« Одговори #1 на: 10 Мај 2018, 21:51:44 pm »
Можеби изгледа чудно, но на времето, еден другар имаше сличен проблем, и по триста перипетии, испадна дека од внатрешниот состав на лонецот се скинало парче и се заглавило на излезот од самиот лонец(среден лонец) и моторот не "дишел".



Отсутен HardCorec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: Opel Corsa C 1.0 проблем
« Одговори #2 на: 10 Мај 2018, 22:19:03 pm »
Фала ти друже, ке го проверам и лонецот.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Opel Corsa C 1.0 проблем
« Одговори #3 на: 11 Мај 2018, 08:53:10 am »
Сега се сетив, и зетот со цитроен боксер не му креваше над 2.500 rpm, и тој луташе за на крај да излезе дека е катализаторот запушен.
Ова колку да имаш насоки, не мора и кај тебе да е случај. :)

Отсутен HardCorec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: Opel Corsa C 1.0 проблем
« Одговори #4 на: 11 Мај 2018, 09:29:21 am »
Проверен е лонецот, нема ништо, чист како солза :D
Мене ме чуди тоа што колата си работеше супер, после стегање на гаста (скоро до макс) ми се случи овај проблем... дали мајсторот што го тестираше акумулаторот направи некој спој или што се случи... не знам, не можам да си објаснам.
Ке го ѕирнеме и катализаторот, фала ти другарче.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Opel Corsa C 1.0 проблем
« Одговори #5 на: 11 Мај 2018, 09:54:16 am »
Не знам дали и како може да се провери катализаторот, го носеше по сервиси на дијагностика, и никогаш не му дијагностицираа катализатор.

Му пукна филм, пошто не остана ништо друго, го извади катализаторот, и го реши проблемот. Потоа дали ставил друг, незнам. Го возеше уште 2 години, лани го продаде.

Отсутен HardCorec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: Opel Corsa C 1.0 проблем
« Одговори #6 на: 11 Мај 2018, 10:12:57 am »
Дали знаеш случајно кој други проблеми би ги правел катализаторот на колата?
Бидејќи ме чуди тоа што колата работи како швајцарски часовник, проблемот е само кога стегам на гаста, ни се гуши моторот, ни скока, ни сецка...значи буквално никаков проблем.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Opel Corsa C 1.0 проблем
« Одговори #7 на: 11 Мај 2018, 10:13:22 am »
Хардкорец, не знам како стручњакот од обична проверка на полнење на акумулатор успеал да ти го зафркне работењето на мотор. Со оглед на грешката, не лутај, појди кај асален електричар со добра дијагностика. Може некој од опелашите ќе знае повеќе околу какви сензори за позиција на клапна за гас има и дали се подесиви или се менливи.

Отсутен HardCorec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: Opel Corsa C 1.0 проблем
« Одговори #8 на: 11 Мај 2018, 10:31:06 am »
Не знам брате ама ке треба да отепам на некој... :)
Моментално колата ми е кај нормален-добар мајстор, ке почекам ден-два да ми каже што може да е проблемот, типот соработувал со некој електричар (кој знам дека е есктра) ама бил презафатен па ке требало да го почекаме, а мене не ми се чека :D (немам кола брат, исто како без нозе да сум).

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1779
Одг: Opel Corsa C 1.0 проблем
« Одговори #9 на: 11 Мај 2018, 10:37:02 am »
Најдобро да Е ;D однесеш кај некој што работи само со опели. Кардаш гледам го фалат по фб.

Само во стоење не оди над 1500рпм или и во возење? Кога си в место и наеднаш ја стиснеш гаста до крај што се случува?

Отсутен HardCorec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: Opel Corsa C 1.0 проблем
« Одговори #10 на: 11 Мај 2018, 10:47:45 am »
Ништо не се случува брате, и во стоење и во возење повеке од 1500рпм не крева.

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: Opel Corsa C 1.0 проблем
« Одговори #11 на: 11 Мај 2018, 11:01:01 am »
Можда е механички проблем. Ако не ја оправи мајсторот носи ја кај маршер.
И на крај извади стрелка на обртомерот. ;D
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Opel Corsa C 1.0 проблем
« Одговори #12 на: 11 Мај 2018, 11:57:31 am »
Ќе ја искористам темава, за минати маки.
Првата кола што ја купив, југо 55, како што е редот, ја однесов да и сменат ремени, затегач итн.
По промената, запали чакмак, а претходно бараше малку верглање.
Да тргнам, не ја прима гаста, едвај стигнав на работа.
Утредента, рекламирав, гледаа и викаат се е во ред.
Викаат види со карбуратор.
Прошетав уште три сервиси(мајстори) и сите викаат се е добро. Што гледале, не ми е јасно.
На крај, кај четвртиот, ми вика, ребрастиот е три степена раније или касније, не се сеќавам.
Ама и тој ја утнал еден степен.
Колата конечно ја средив кај Илија во Ѓорче, тогаш уште не беше Фиатов сервис.

Отсутен munja

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 109
Одг: Opel Corsa C 1.0 проблем
« Одговори #13 на: 12 Мај 2018, 19:19:37 pm »
Извади го конекторот од маф сенозрот ако не знаеш кај е тоа е снезор што стои на доводот за воздух после филтерот за извади го и види како ке работи колата ако е до мафот ке има дуки во гаста во стилот стискас гас нема одзив стискас повеке и повлекува мене пола кола ке ми сменаако не си го отрикв сам проблемот со мафот.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel Corsa C 1.0 проблем
« Одговори #14 на: 12 Мај 2018, 20:03:19 pm »
Низ Струга ли ја носиш колата?

А да проба некој да ја исчисти грешката P1500 можеби после тоа ќе работи како треба.