Јас сум газда на две коли на ново (едната 16 години, другата 2 месеци).
Ќе речеш Daewoo,...има поминато 185 000+ без ниту еден посериозен дефект. Ниту еден! (Да не ја почудам).
Се било во делот на редовно сервисирање и едно пукнато цревце колку прстот што го сменав за неколку саати (со се изработување на цревото) и бензинската пумпа што откажа дека ја возевме со малку гориво цело време на плин. Сепак тоа беше моја грешка, не на произведителот.
Пред тоа, имавме Zastava 128, исто први сопственици, дури цело време гаражирана и на свои 15 години и само 64000км веќе имаше скапан под, што ОК беше лесно да се замени со нов (татко не сакаше крпеници туку купивме од проданивца нов десен под) и мораше постојано (еднаш годишно) да се штеловаат вентили, да се очисти карбуратор,...
Мене ми одговараше тоа, татко ми го нервираше
Едноставно не е човек да се замара со тоа. Сака само да ја однеси колата на сервис и да биде се тип топ и да ја вози.
Токму тоа е разликата кај новиве возила. Не се замараш и тоа си доаѓа со ајде да речеме некаква цена. Ќе ти откаже некој глуп сензор, па не знам некоја пумпа ќе затаи, па специјален дихтон треба за тоа, па не знам што и како.
Повеќето луѓе не се замараат, сакаат повеќе гаџети и квалитет и комфор во возењето, како во град така и на отворено.