Автор Тема: Огласи за интересни постари возила  (Прочитано 92315 пати)

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1737
Одг: Огласи за интересни постари возила
« Одговори #315 на: 10 Јануари 2022, 06:32:07 am »
Дали има некој искуство со купување кола од Максима во Визбегово, или некој да знаел дали се ок или да се заобиколат?
Исто и за Ауто Барон

За Максима ако не се лажам се збореше дека се враќани километражите, како и кај 90% од препродавачите.
Fun fact: Во Хрватска што се ЕУ земја и не плаќаат ДДВ за увоз на возила, Хонда Сивик 2.2 дизел се цирка 300к км и коштаат по 5.5,6к евра. Кај нас истите модели се цирка 150,200к км и коштаат по 4500,5к евра... Не ќе се испод 400к кај нас.

Еве пример: https://www.njuskalo.hr/auti/honda-civic-2.2-oglas-36412905
« Последно менување: 10 Јануари 2022, 06:38:00 am AngelSK »

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11727
  • Архитект
Одг: Огласи за интересни постари возила
« Одговори #316 на: 10 Јануари 2022, 08:48:15 am »
Максима вратени километри, потврдено. Е сега дали тие враќаат или така се погодила препродажбата, незнам. Ама кола на пријател е со вратена километража.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1737
Одг: Огласи за интересни постари возила
« Одговори #317 на: 10 Јануари 2022, 08:58:16 am »
Максима вратени километри, потврдено. Е сега дали тие враќаат или така се погодила препродажбата, незнам. Ама кола на пријател е со вратена километража.

Имаш инфо за колку е вратена?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11727
  • Архитект
Одг: Огласи за интересни постари возила
« Одговори #318 на: 10 Јануари 2022, 09:27:10 am »
Малку беше. Не многу.

30 - 40к км.

Тамам да падни под 190 000км

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13768
Одг: Огласи за интересни постари возила
« Одговори #319 на: 10 Јануари 2022, 10:00:09 am »
Дали има некој искуство со купување кола од Максима во Визбегово, или некој да знаел дали се ок или да се заобиколат?
Исто и за Ауто Барон

Максима не знам.

Ауто Барон за малце ќе купев од кај нив BMW 1, само беше новиот модел со новиот мотор и не ми правеше мерак, ама имаа добри количиња на плацот (во однос на тоа што се нудеше на пазарот)

Кецот што го гледав, ми се колнеше дека не биле враќани километрите, на крај го проверив од главе до пете BMW, со број на шасии Car Vertical што ти не, испадна дека беше 210 000км а овој ја продаваше со „110 000“ километри.

Количето беше зачувано, не бараше ни многу скапо.

Long story short - Враќаат и од Барон. Затоа убава проверка колку што можеш, пред се заради цената ценкање.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3384
Одг: Огласи за интересни постари возила
« Одговори #320 на: 10 Јануари 2022, 10:56:06 am »
Да се разбереме, не постои авто плац што не враќа километри, енд оф стори.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3788
Одг: Огласи за интересни постари возила
« Одговори #321 на: 10 Јануари 2022, 10:56:31 am »
Да се разбереме, не постои авто плац што не враќа километри, енд оф стори.

Најточно нешто напишано некогаш. Амин.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5818
Одг: Огласи за интересни постари возила
« Одговори #322 на: 10 Јануари 2022, 10:58:35 am »
На авто барон сите коли му се со реални 80-120.000км маХххх 😊

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13768
Одг: Огласи за интересни постари возила
« Одговори #323 на: 10 Јануари 2022, 16:49:00 pm »
Ауто Барон за разлика од овие другиве пак количињата се зачувани. Навистина имаше добри примероци, ако не ви смета километражата што е вратена (а сите ги враќаат).
Втор плац во Скопје што нешто посалам коли има AutoMilano и оној Auto Danska како и да се викаше малку подолу од AutoMilano.

Другото СЕ е тежок, тежок крш.  Не можам да ви опишам што се не изнагледав тие неколку месеци.

Какви се лаги не изначув кога се обидуваа да ми ги продаваат.

Казанчињата мрсни, кафеави до горе - нормално било да мрси, ќе ми викенеле мајстор од официјален сервис ќе ми потврдел ;D

Што е ова шлакано со четка од позади - такви се сите таму ;D

Што се искривени столбовите - тоа кога затворале врата каишот им заглавувал и со врата во фаќале...

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 856
Одг: Огласи за интересни постари возила
« Одговори #324 на: 10 Јануари 2022, 19:19:25 pm »
Ауто Барон за разлика од овие другиве пак количињата се зачувани. Навистина имаше добри примероци, ако не ви смета километражата што е вратена (а сите ги враќаат).
Втор плац во Скопје што нешто посалам коли има AutoMilano и оној Auto Danska како и да се викаше малку подолу од AutoMilano.

Другото СЕ е тежок, тежок крш.  Не можам да ви опишам што се не изнагледав тие неколку месеци.

Какви се лаги не изначув кога се обидуваа да ми ги продаваат.

Казанчињата мрсни, кафеави до горе - нормално било да мрси, ќе ми викенеле мајстор од официјален сервис ќе ми потврдел ;D

Што е ова шлакано со четка од позади - такви се сите таму ;D

Што се искривени столбовите - тоа кога затворале врата каишот им заглавувал и со врата во фаќале...
"само км вратена?" ситница
и скоро сите се фарбани, не многу, ама крило,браник итн. од прва рака ти кажувам

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1475
Одг: Огласи за интересни постари возила
« Одговори #325 на: 10 Јануари 2022, 20:06:24 pm »

Какви се лаги не изначув кога се обидуваа да ми ги продаваат.

Казанчињата мрсни, кафеави до горе - нормално било да мрси, ќе ми викенеле мајстор од официјален сервис ќе ми потврдел ;D

Што е ова шлакано со четка од позади - такви се сите таму ;D

Што се искривени столбовите - тоа кога затворале врата каишот им заглавувал и со врата во фаќале...

Барав кола за татко ми и вртам за едно мондео 1.8 бензин, правиме муабет и ми вика да знаеш само колава пали од втора.
Му викам зашто што е работата ?
- аа izglea nese razbiras ti hehe takvi tise ovie od fabrika takae na site drugar imam so istat kola isto pali od ftora druze

Фала ти, до колку работите ? ;D
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7754
  • Плинаш!!!
Одг: Огласи за интересни постари возила
« Одговори #326 на: 10 Јануари 2022, 20:34:33 pm »
Нај интересно што од тие газдите/продавачите некогаш не ни знаат што продаваат.
Одам на некој од плацевите кај Ауто милано што се, и му викам на продавачот мерива имате, а на плацов може 50-60 коли , ми вика имаме. И ме носи таму кај последните коли и ми вика еве овие три. Му викам дечко овие сите три се Агила не Мерива, јас Мерива барам. Дечко не ми кажувај ти што е мерива а што агила, јас 15 години продавам коли. Му викам, со среќа ако вака продаваш а уште повеќе среќа на тие што ке купат од тебе и си отидов!!

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17416
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Огласи за интересни постари возила
« Одговори #327 на: 10 Јануари 2022, 20:57:17 pm »
Освен со плацот кај што ја купив колата, со ниеден друг плац немав позитивно искуство во поглед на однос со муштерии ;D

Оној од Автобанда ги имаше скриено броевите на шасија на сите коли, и му викам "фала ти, ама колава за жал не е толку добра колку што е на слики" и вика "најбоље на пазар ти е ова, иди врти по плацеви пак ќе си дојдеш кај мене а тогаш попуст нема да има".

Друг плац пред Драчево, Фиеста гледам, предни стакла 08 код, задни стакла 09 код, предна и задна шофершајбна афтермаркет. На врата налепница за извршен сервис на 109.000 километри во 2011 година. Ми вика "друже колава невозена, ко нова е, земи пробај вози носи кај сакаш", викам "фала ти, не треба, поминував па да видам шо имате".

Трет плац, Фиеста исто, праќам другар да ја види и збориме на спикер додека ја обиколува колава. Како шо ми кажува другар ми маани, продавачот суфлира од страна со изговори ;D и му прекурчи изгледа, му вика на другаров "аман бе друже а ти што возиш чим најде толку маани на колава? Другар ти па, од салон да не купува кола?"

Само струмичанецот од кај што го зедов Митото не проба да ми продае муда за бубрези, си призна се од дефекти што најдовме, му понудив цена 650 евра пониска од огласената, ми рече да додадам уште 50 евра и со здравје да си ја возам :)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5818
Одг: Огласи за интересни постари возила
« Одговори #328 на: 10 Јануари 2022, 21:17:44 pm »

Боооо 600 евра си му спуштил,алал да ти е,кој плац од СР? 😁

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Огласи за интересни постари возила
« Одговори #329 на: 10 Јануари 2022, 21:32:19 pm »
Не кажувај Мартинеее. Да не открие Рики дека ти била плава боја, дизел.  ;D

Никогаш не вели никогаш.