@zlatkoa колку си висок?и дали како што ти е наместено предното седиште за возење, без да поместуваш, можеш да седнеш комотно позади возачко без проблеми? (овој тест е валиден ако си над 180, под тоа секако ќе немаш проблеми )
Висок сум 182. Предното седиште ми е подесено скроз најдолу и во комотна "крузинг" позиција. Со вакво подесување има простор позади да седи висок човек без да му удираат нозите во предното седиште. Многу пати имам патувано на релации Белград, Софија, Солун со 4 возрасни луѓе со висина над 180см и никогаш се немам подместувано понапред со возачкото седиште.
Ќе сликнам деновиве кратко видео со габаритот на кабината и ќе го постирам.
Според моето искуство, ова возило спаѓа во по комотните на задна клупа и нема проблем да седиш на подолги релации. Комоцијата на задната клупа би ја класифицирал во иста категорија со Октавија, Пасат Б7 отприлика. Разликата е што седењето малку повисоко. Има солидно доволно простор за нозете, има простор за главата, двајца патници позади имаат "многу воздух" помеѓу нив.
Неодамна ја возев новата Ц класа од Мерцедес неколку недели, и можам да кажам дека во ова возило има мнооооогу повеќе простор на задната клупа отколку во Ц класата. Нормално споредено со поставеноста на возачкото седиште според мој вкус.
Во принцип не сум голем фан на МПВ возила, и одлуката да го купам ова возило е тоа што седењето е многу по ниско споредено со Туран, Зафира, Пикасо и сличните МПВ во класата. Целото возило има многу ниско тежиште и на автопат (на пример Белгдрад - Скопје) не се чувствуваат свиоците при брзина 140-160 на темпомат.
Пред да го купам возилово разгледував и возев Шкода Октавија Седан/Караван, Пасат Б7 Седан/Караван, Туран, Зафира, Ц4 Пикасо. Ама кога седнав во ова возило, и кога излегов на Автопат до Белви да го повозам, веќе знаев дека треба да идам на нотар и да заршиме работа со момакот што го продаваше. Едноставно го понуди компромисот што можев да го голтнам и што го барав. Ги има сите работи што ми фалеа во караван, и ги има сите работи што ми фалеа кај другите СУВ возила.