Автор Тема: VW Polo 1.4 TDI 2001  (Прочитано 3066 пати)

Отсутен Jack Nolan

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
VW Polo 1.4 TDI 2001
« на: 15 Март 2017, 19:16:19 pm »
Нема многу да тупам. Станува збор за Поло 1.4 TDI 75 коња произведено 2001 година. Купено е од Софија и веќе го возам 10-от месец. За 9 месеци поминав 12.000 км и за сега сум презадоволен, конкретно од моторот. Страшно брзо за коњите што ги има, потрошувачката е околу 5л/100км. До сега само два пати е менато масло првиот пат 10/40 не ми текнува кој бренд (сино паковање) и на извозени 10.000 не потроши ни грам! Сега турив 5/40 Лотос. Набрзо треба да се менуваат и сет каиши па можи да ми предложите какви да ставам.










Во внатрешноста нема оштетувања и гребнатинки освен возачкото седиште од лева страна. Од надвор има поголеми оштетувања кој треба да се средат. Багашникот е целосно фарбан и китиран и китот испука после неколку месеци од купувањето на колата. Задниот браник излгеда како да е фарбан и е во ист тон како багашникот ама не сум сигурен неможам да го препознаам, иначе е во добра состојба. Предниот браник треба да се среди, оштетен е од гребнатини (дебели) и оштетен од прскање на камења. Прагот од десната страна зимава беше свиткан и мислам дека можи да се среди кај некој мајстор што извлекува вдлабнатини со магнет, другото во главно е океј.




Лошо во колата се не удобните седишта, просторот за нозете позади е мал и за оваа класа и малиот простор кај задниот праг при излегување од колата многу смета. Враќањето со рикверс и на мала угорница е многу тромаво и некако без сила.

Имам и дефект со механизмот за пенџерињата на левата врата, незнам дали е сајлата или нешто друго. Од таа врата пенџерињата не реагираат а од десната си функционира ко што треба. Ако знај некој што е проблемот нека кажи и како се ваѓа тапацирот за да го средам сам да не го носам по мајстори.

Друго не ми текнува, ако имате прашања слободно :)
« Последно менување: 15 Март 2017, 19:21:26 pm zeroSignal »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: VW Polo 1.4 TDI 2001
« Одговори #1 на: 15 Март 2017, 19:22:02 pm »
Си дозволив да ти ги средам сликите. :)

Убаво изгледа полцево, со среќа да го возиш! Консултирај се со @Deno ако може да ти го истапацира воланот. :)

Отсутен Jack Nolan

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Одг: VW Polo 1.4 TDI 2001
« Одговори #2 на: 17 Март 2017, 23:59:03 pm »
Фала ти, то сега и не е во план. Ме интересира дали некој знај кај можи да се најди вакво радио и која е цената на ново или половно?

« Последно менување: 18 Март 2017, 00:06:14 am zeroSignal »

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: VW Polo 1.4 TDI 2001
« Одговори #3 на: 18 Март 2017, 01:21:54 am »
 Али експрес, 100$

Отсутен Jack Nolan

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Одг: VW Polo 1.4 TDI 2001
« Одговори #4 на: 11 Мај 2017, 14:17:30 pm »
Ми се јави еден проблем. Централното на клуч не работеше, па ја одклучував со клучот директно од брава. Сега кога одклучувам и заклучувам ми се заклучува само возачката врата, а останативе не реагираат.

И НАЈГОЛЕМИОТ ПРОБЛЕМ. Капачката за нафта е заклучена и неќи да се одклучи. Можно е да е осигурач или проблемот е друг?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: VW Polo 1.4 TDI 2001
« Одговори #5 на: 11 Мај 2017, 14:21:45 pm »
Ми се јави еден проблем. Централното на клуч не работеше, па ја одклучував со клучот директно од брава. Сега кога одклучувам и заклучувам ми се заклучува само возачката врата, а останативе не реагираат.

И НАЈГОЛЕМИОТ ПРОБЛЕМ. Капачката за нафта е заклучена и неќи да се одклучи. Можно е да е осигурач или проблемот е друг?

Друже дупенка е ова кај секое Поло од оваа генерација. Скоро секој си има оваа мака.

Ми кажуваа дека е некој проблем со вакуум. Централното работело на вакуум. Мора да ја однесиш на мајстор некоја пумпа да се видела.

Отсутен Jack Nolan

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Одг: VW Polo 1.4 TDI 2001
« Одговори #6 на: 11 Мај 2017, 16:43:24 pm »
Ја најдов пумпата, од неа одат цревца до секоја врата веројатно и негде тиши. Треба изгледа да се ваѓа тапацирот кај вратата и да се види таму да не е нешто скинато. Фала! :)

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: VW Polo 1.4 TDI 2001
« Одговори #7 на: 11 Мај 2017, 17:56:46 pm »
Ај пробај да ја отвориш гуменото црево на вратата, она што е на предниот дел од вратата..Тука цревото се откачува ако некогаш вратата ти се отвори брзо до крај...
Имав исти проблем на тројка, пробај стави го цревчето пак и ќе функционира..Ако сакаш потрајно решение, пробај да го одмоташ од жиците и да го залепиш кога е на место.

Ако пумпата позади работи подолго време, ондак ти губи некаде воздух, што најчесто е овој проблем.
Ова ти е побрзо за проверка пред да отвораш тапацири

Поз

Отсутен Jack Nolan

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Одг: VW Polo 1.4 TDI 2001
« Одговори #8 на: 11 Мај 2017, 18:33:55 pm »
Проблемот пронајден, за тоа не ми работела и електриката на вратата за пенџерињата... Како се имаат скинато господ знај... ;D


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: VW Polo 1.4 TDI 2001
« Одговори #9 на: 11 Мај 2017, 22:55:49 pm »
Проблемот пронајден, за тоа не ми работела и електриката на вратата за пенџерињата... Како се имаат скинато господ знај... ;D

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Не ти работи линкот ама ете успеав да ископирам јас



Ето ти! :) Problem solved! :D