Уште сум нов во срањево, ама имаш право.
Цената има смисол ако се во прашање и двата - овој стабилизатор, плус оној за баланштангла.
Тогаш е приближно.
Ама ако е само овој - тогаш е премногу разлика.
Има ли и на овие чуда различни производители што би можеле многу поскапи да бидат или таа е бројката генерално?
Секој пат кога сум бил кај мајсторов му велам истото: не сакам да купувам од најскапото без потреба, ама исто така не би ставил ништо што е најефтино - сè на сè, му велам да држи рамнотежа.
За плочки беше така - излегоа одлични.
Сега наскоро ќе менувам дискови и плочки, ми кажа отприлика како одат цените.
Се надевам дека за ваква ситница не ми тропнал некоја бројка без врска.