Првично изгледаше вака, со едно мое безвезално лепење со безвезијален материјал, завршена приказна
вадење пластиките на столбот, обложени се и тие со материјал, покасно ќе бидат средени,
делот за внатрешно осветлување
рачките за држење
пластиките на задните столбови, и други ситни делови што го држат, зависно од колата
поленка спуштање и вадење надвор од кола
одлепување на стариот материјал, сега лесно се одлепи бидејќи ми е ваден веќе и чистен од стариот лепак, кој беше катастрофа
новиот материјал од самад, одлична соработка со нив и одличен материјал (имаат повеќе нијанси)
пружање на материјалот врз кровот и сечење одприлика, внимание да не се скрати многу
неостик во кантичка и четка што не пушта влакна
еве материјалот залепен, немав време да го сликам тој период ме стемнуваше,
лепењето ќе иде зависно од долната подлога каква е, кај мене беше како сунгереста и многу впиваше лепак, и го лепев постепено по една педа мачкање и лепење и се така, најдобро е од средината да се почне, и кога се лепи нежно врз материјалот се поминува со рака
на краевите малку оптегнување, држење или со помош на штипки го лепиш
потоа го качуваш комплет и го превртуваш, јас го ставив на 2 столови, али да има нешто на нив да не се згмечи на тие делови материјалот каде ќе лежи
земаш ножички и го кроиш однадвор со планиран преклоп од 1-2цм, може да се изведе и без преклоп, да се исече по ивицата и да се монтира, али јас сакав со преклоп да ми биде за постегнат да ми биде
мачкање на лепак и виткање, користев и штипки за да се биде убаво залепено, се работи дел по дел, за да не ти требаат 100 штипки
доволно е 5минути да стое со штипки
еве го страничното какво беше
лепење на новиот материјал, претходно исчистено
сум заборавил да ги сликам финално завршени надвор, и со скалпер или нешто многу остро се прават дупки каде е потребно за рачки осветлување и слично
еве како изгледа со изваден кров
монтирање назад дел по дел, штипки, осветлувањето, рачките
ми е кеиф што дојде иста боја со овие за сонце, исто како фабричкиот материјал што беше
ми фали мислам уште некоја подобра слика како се тоа дошло, некој нареден ден.
потрошено 1 литро и малку од лепакот, али голем кров 2ипол метри материјал отиде.
јас презадоволен како излезе, прашања, пофалби и критики пуцајте