Тоа погоре напишаното не е паушално туку зборам од лично искуство. Астрата ми е на плин и сега брзо ми откажа еден цилиндар и кога ја прегледаја немаше компресија и два вентили беа изгорени. А знам т.е. имав слушнато дека овие коли се отпорни на плин, а исто имам слушнато дека предолго возење на повисоки обртаи може да ги оштети вентилите зато и прашав за мислење. Сега од ко ги сменив сите вентили, прашањето ми беше дали да продолжам без капалки или со нив. Позззз
Капалката нема да ти помогне ако возиш на високи вртежи пошто истата функционира на принцип на вакуум а над 4500 вртежи +/- вакуум веќе нема.
Треба да ги научиш фундаменталните разлики меѓу плинот и бензинот како гориво во мотори прво. На плин моторот НЕ СМЕЕ да се оптеретува, без оглед на тоа дали моторот е осетлив или неосетлив на плин. Втора раота, многу зависи дали е добро наштелуван плинскиот компјутер, бидејќи пропорцијата меѓу плин и воздух во цилиндарот прави голема разлика во температурата на издувните гасови, што е уствари и факторот кој ги ослабува вентилите да изгорат.
На кратко сумаризирано, за во град на тој мотор не му треба капалка бидејќи не го возиш константно низ град на 4500 вртежи или повеќе.
На отворено немој да возиш со притисната папуча до крај, симни брзина подолиу и педалата притисната максимум до пола. На отворено крузање со не повеќе од 4000 вртежи, за повеќе и не ти е дозволено. И на крај, проверка на плинскиот уред и на богатството на плин при вбризгување.