Периодов што измина сработено нешто на колата.Прво исполирани фаровите пак, еднаш годишно го добиваат овај третман. Сега купив 3М паста за полирање па ќе видиме колку ќе траат сега.Процедурата е следна прво со водна шмиргла убаво да се поминат.После имам сунѓери што се монтираат на бормашина со пастата се поминува, ги поминувам по два пати, последниот пат со сунѓер за финиш што е.И да ќе заборавев и со восок на крајот, за заштита.
Монтиран и централен потпирач за раката, практично нешто, го имам во другата кола па ај зедов и за мојата.
Цена: 1,000 денари
Во меѓувреме направен сервис на плинот, сменети два филтри.Цена 1,000 денари, нареден сервис после 900 работни саати.
И денес конечно после долго време нешто што сакав да го имам го добив.
Spec-D fog lights, донесени од USA од Амазон, 65$.Најверојатно понеделник, неработен ден ќе пробам да ги монтирам.Го видов упатство ќе треба браник вадење за да се монтираат....