Автор Тема: Renault Megane 1.5 dCi 106  (Прочитано 32248 пати)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #90 на: 31 Октомври 2015, 17:33:13 pm »
Меганов е ко Ким Кардашиан во гзот ;D

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #91 на: 31 Октомври 2015, 18:21:35 pm »
Бомбонче. Супер средено.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #92 на: 31 Октомври 2015, 18:22:46 pm »
Меганов е ко Ким Кардашиан во гзот ;D

Е да ти ебам педерот ми го зема постот .. :D

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг:
« Одговори #93 на: 31 Октомври 2015, 18:56:34 pm »
Јас исто на меганот имам сензор за светло ама исклучен ми е пошто нема поента во држави каде што мора преку ден да имаш светла уклучено, барем овие кај мене не се дрл.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #94 на: 31 Октомври 2015, 22:22:11 pm »
Убав меганот :)

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #95 на: 23 Февруари 2016, 12:25:04 pm »
Со Меганчево се дружиме точно 6 месеци со него пројдов 10.000км за сега, без никаков проблем пали вози :)
На 21.12.2015 година помина на регистрација 9та по ред и таа кошташе околу 11.000 денари.
На 19.02.2016 направен е редовен сервис и тоа:
Масло Elf Evolution 900 NF 5-40
Филтер за масло Filtron
Антифриз Elf разреден фабрички, цена за две канти 1500

Рака 500 денари
Сервисот е направен во сервис Виталеда.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #96 на: 10 Јули 2016, 17:30:42 pm »
Меганов си доби еден интересен апдејт од пред извесно време, самозатемнувачки внатрешен ретровизор!

Следуваше монтажа, бидејќи прво го купив па после прашував по сервиси дали може да функционира, повторно ме правеа будала како за тепоматот дека не можело и слично. По подолг срч по нетов видов како може да се поврзе па го фативме со братот.  Првата солуција беше да се соголи лентата од кабинското светло за да се добие 12V струја но не сакавме така, решивме да пуштиме кабли до осигурачка табла каде што ќе си има самиот ретровизор свој осигурач.
Почнавме вака го променивме стариот ретровизор многу внимателно да не ја искршиме шофершајбната.

Па почнавме  со пуштање кабли под тапацирот од кровот (каблите ги изолиравме со тенок сунѓер со цел да не прават галама при возење):



За поврзување на ретровизорот со каблите искористивме џекче од старо компјутерско напојување

Поврзување со осигурачка табла:


Како испадна:

Како функционира:


Второ, Меганов го земавме со минијатурна зуцка на стаклото се беше ок додека на жешково не почна да се шири. По кратка консултација со маестро АЦЕ А3 отиде меганево на репарација на истата.
Зуцката:

Репарацијата


Слики од афтер нема зошто многу тешко да се долови репарираната зуцка со телефон.

Проблеми до сега со Меганево нема нешто сериозно. Имаше проблем не ја пушташе климата но му требаше само да се ресетира некоја грешка преку дијагностика сега нема гајле. Друг пробле почна да бучи некој лагер од позади а тој лагер иде сосе диск па ќе треба да се мења дискови и плочки. Проблем со механизам за стакло не се креваше па отидов кај еден у Бутел пошо Дог моментално беа зафатени и сеуште се каам што не ги почекав. Значи такво дифтарско вадење на тапацир одамна немам видено а му реков пази на тапацирот те молам ако не знаеш остај не се учи на моја кола, немај гајле не су прв. Го искасапи здравје му зема му влезе насилнички со штрафцигери лелееј срце ме фати, остај тоа туку сијаличките од копчињата за прозори престанаа да светат ми се плаче ама нема назад ,тоа е...
До сега од колава сум максимално задоволен и среќен, не ми се верува сеуште дека конечно најдов меган по моја мерка! Му се радувам секој ден!

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #97 на: 10 Јули 2016, 19:00:07 pm »
Опцијава е закон. Кај мене има на сите 3 и уживам во ноќната вожња.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #98 на: 10 Јули 2016, 20:04:44 pm »
Не е логично лагер да се менува сосе диск. Може да се менува сосе главчина, ама тоа си е нормална работа.

Иначе одличен апдејт е ова со самозатемнувачкиот ретровизор. Јас имав на Леонот, немам на Голфот а одамна планирам.

--

Edit: Може и да грешам.. Еве сличе од Ибеј, интересно..

« Последно менување: 10 Јули 2016, 20:30:22 pm zeroSignal »

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #99 на: 11 Јули 2016, 00:18:54 am »
Оди на овие комплет со диск јбг скупо :)
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #100 на: 11 Јули 2016, 08:10:34 am »
Prcot сака да извади дома од старите да му дадат пари за нови дискови со лагери комплет.  :D

А тоа дека мора да се менува лагер комплет сосе диск е приказна за мали деца.
Лагерот се избива од дискот на преса со клип од 49мм, па се става новиот. Ако е потребно скриншот ќе манам на процедурата од 2 страни.

Башка, задниот е поефтин од предниот лагер, така да поефтино не можи.  :)

https://www.autopower.bg/комплект-лагер-главина-fag-renault-megane-2-hatchback-1.5-dci-713630950-g15551c25-i15840856.html#description

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #101 на: 11 Јули 2016, 09:36:02 am »
Не е логично лагер да се менува сосе диск. Може да се менува сосе главчина, ама тоа си е нормална работа.


Prcot сака да извади дома од старите да му дадат пари за нови дискови со лагери комплет.  :D

А тоа дека мора да се менува лагер комплет сосе диск е приказна за мали деца.
Лагерот се избива од дискот на преса со клип од 49мм, па се става новиот. Ако е потребно скриншот ќе манам на процедурата од 2 страни.

Башка, задниот е поефтин од предниот лагер, така да поефтино не можи.  :)

https://www.autopower.bg/комплект-лагер-главина-fag-renault-megane-2-hatchback-1.5-dci-713630950-g15551c25-i15840856.html#description

Во право сте и двајцата, сега се јавив во лагермакс прашав имаат лагери значи може! Цената е 2000 или 2500 денари плус ддв во зависност од моделот на лагерот треба со примерок да се оди. Прекрасно! Го мењам во најкраток можен рок, уши ми дупна ова лагеров веќе еден месец..

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #102 на: 15 Јули 2016, 17:05:25 pm »
Денеска променет заден лагер во домашни услови.
Прво го извадивме дискот следејќи го следниов туторијал, па го однесовме дискот на преса, па трк до продавница по лагер, па назад на преса, па монтажа, па тест вожња и на крај одличен резултат. Лагерот е SNR купен од процит агросервис бидејќи не бев моторизиран најблиску беше оваа продавница и не кошташе 1500 денари за преса дадов 300.
Колку ќе трае ќе видиме битно пробавме  ;D ;D ;D ;D ;D ;D

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #103 на: 16 Јули 2016, 20:12:39 pm »
Koлку те чинеше ретровисорот.

Бидејќи само напон треба да се донесе до него може и да се стави ретровизор од друго возило.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #104 на: 25 Октомври 2016, 19:50:50 pm »
Мал апдејт на темава, Меги брои нешто ситно под 150 000км го скинавме од возење искрено. Презадоволен. Машала 20.000 км за година

25 Сепремви, направен редовен сервис, променето:
Масло ЕЛФ НФ 5-40
Филтер за масло
Филтер за воздух
Филтер за полен
Глицерин TRW DOT 2
Сервисиран во сервис Виталеда.
Со овој сервис ја заокружив промената на сите течности од кога е кај мене.
Купени предни и задни плочки Road House Made is Spain , искрено немам појма што сорта се, ми ги пофалија ги земав не му се замарам многу како и да е ќе кочат подобро од овие сега бидејќи сеуште фабричките се возат. Плочките ќе се мењаат дома во двор.
Почна да вади звук некој од кај моторот звук како дупнат ауспух во распон од 1200-300рпм до 1800-2000рпм после го нема, проблем кој се појави не знам како да го дефинирам. Веднаш реагирано на сервис, се воспостави дека звукот доаѓа од сетот ремени и дека е ризично да се вози. Ремените се сеуште под гаранција, мајсторот ми рече да го оставам да видат што е после два дена се јавија рекоа средено е затегач се разлабавил, отидов звукот го снема 90% посто но сеуште го има(ше). Ја провозив по Првомајска еден круг му се вратив, викам вака и вака! Ми вика остај ја пак ке ја отвориме, седеше колата 3 дена таму отидов после 3 дена да прашам шо е работата и гледам колата не е пипната дури не знаеа каде е клучот го бараа а ја им викам во кола таму и го остаив.
Мајсторот ми вика ја не гледам проблем во колата она работи перфектно и ме убедуваа дека се е во ред со неа, и ја земав ама пак има минимален звук ја знам колата а они ме мачкаат со 300 бои. Сакам да му одам пак да го замолам да го среди проблемот без импровизации, срамота е 3 коли му носам.