Автор Тема: Citroen C4 Aircross  (Прочитано 7396 пати)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Citroen C4 Aircross
« на: 03 Октомври 2011, 12:33:06 pm »




Повеќе од 100000 Citroen C4 автомобили се произведени откако пред околу една година се појави на пазарот новиот модел. Следејќи го овој успех, Францускиот производител реши да ја прошири гамата на C4 со нов оригинален модел – Citroen C4 Aircross.

Комбинирајќи го одличниот дизајн со иновативна технологија C4 Aircross е идеално прилагоден на модерниот начин на живот кој подразбира и бегство од секојдневието. Новата силуета е инспирирана од технолошкиот напредок на Citroen и во себе ги спојува погонот на теренско возило и удобноста и возните својства на лимузина. Во зависност од моторот, овој модел ќе биде понуден во верзии со погон на 2 и на 4 тркала, а продажбата би требало да започне во првата половина на 2012 година.

Citroen C4 Aircross ја спојува динамичноста на моделот со робусната силуета на теренско возило. Хоризонталните линии на предниот дел дополнително се нагласени со вертикалните отвори за воздух на краевите. Убаво извајаната фигура, широките лакови на тркалата и скратените овеси го појачуваат впечатокот на робусност кој го остава оваа нова фигура. Секој дел е детално проучен за да се постигне хармоничен спој на стил и ефикасност. Предните LED светла кои се поставени во вертикалните отвори за воздух го прават светлосниот потпис на Aircross видлив и дење и ноќе.  Дизајнот на 18“ тркала и на задните светла е директно инспириран од концептот Hypnos и е посебно разработен заради оптимизација на струење на воздухот и намалување на емисија на CO2.

Citroen C4 Aircross има покажувачи на правец вградени во ретровизорите, светлосни снопови во задните светла и камера за паркирање интегрирана во хромираните делови на задната врата. Благодарение на системот за интегрален пренос од најновата генерација, Aircross нуди оптимално држење на патот во секакви услови. Оваа технологија овозможува постојан погон на сите 4 тркала и при тоа се грижи за оптимална распределба на вртежниот момент помеѓу предните и задните тркала. Секако возачот ќе има на располагање команда со која ќе може да се одбере еден од трите начини на пренос: 2WD со погон на 2 тркала, 4WD со погон на 4 тркала и Lock – кој овозможува зголемување на силата кај задните тркала при возење во тешки услови.

Aircross му овозможува на возачот повисока позиција на седење при возењето, со што се зголемува прегледноста.  За да може да се ужива и во погледот кон небо, овој автомобил нуди голем стаклен панорамски кров кој ја осветлува целата кабина. Навечер, со цел да се создаде поинтимен амбиент, панорамскиот кров е анимиран со LED светла кои се вградени во кровната конструкција. Делот за возачот е посебно разработен за да биде поедноставено користењето во секојдневниот живот, а за да биде патувањето позабавно и поинтересно за сите, C4 Aircross им става на располагање на патниците високо ниво ниво на опрема: отклучување и стартување на возилото без клуч, GPS систем за навигација со екран осетлив на допир, камера за паркирање, копче за промена на начинот на пренос, USB приклучок и Bluetooth конекција.

Продажбата на овој убавец ќе започне во првата половина на 2012 година, а дотогаш не ни останува друго освен да уживаме во фотографиите од овој модел.

извор: www.gt.mk
« Последно менување: 03 Октомври 2011, 12:43:38 pm zeroSignal »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Citroen C4 Aircross
« Одговори #1 на: 03 Октомври 2011, 12:35:32 pm »
Од напред и од страна е одвратно. Ме потсеќа на неразумно идиотскиот изглед на Мултипла. Од зади е стандардно добро како сите други цитроени во моментот.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Citroen C4 Aircross
« Одговори #2 на: 03 Октомври 2011, 12:37:27 pm »
Слаткуш е оригиналот, ама вака изагресивиран незнам. Гарант ќе е јако во живо. Којзнае колку пари ќе кошта, до душе. Ова треба да дојде како скапа верзија на Панда 4х4.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Citroen C4 Aircross
« Одговори #3 на: 03 Октомври 2011, 12:43:05 pm »
Џиџи, од различни модели се сликите. Загледај убаво. :)

EDIT: Средено.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Citroen C4 Aircross
« Одговори #4 на: 03 Октомври 2011, 12:44:12 pm »
Еј да :) Ај ќе исправиме ... :D

ЕДИТ: Фала за исправката ;)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Citroen C4 Aircross
« Одговори #5 на: 03 Октомври 2011, 12:45:20 pm »
Џиџи ги смени сликите бе?

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Citroen C4 Aircross
« Одговори #6 на: 03 Октомври 2011, 12:47:07 pm »
Хехе а бе исти се, ама не се исти. :D BTW Овие се поубави ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Citroen C4 Aircross
« Одговори #7 на: 03 Октомври 2011, 12:52:27 pm »
Хехе а бе исти се, ама не се исти. :D BTW Овие се поубави ;D
Да оваа предница не изгледа толку грдо како претходната. Оваа ми се бендисува :D
А претходните фотки од кој модел беа?

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Citroen C4 Aircross
« Одговори #8 на: 03 Октомври 2011, 13:02:44 pm »
Еве ја претходната фотка:




Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Citroen C4 Aircross
« Одговори #9 на: 03 Октомври 2011, 13:11:50 pm »

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Citroen C4 Aircross
« Одговори #10 на: 03 Октомври 2011, 13:24:17 pm »
Еве слика од ентериерот



Само место тоа знакчето на средина, замислете дека е на цитроен или пежо.

;D ;D ;D

Отсутен Schmitt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1815
Одг: Citroen C4 Aircross
« Одговори #11 на: 03 Октомври 2011, 13:29:28 pm »
Можеле малку да се потрудат со ентериерот, барем во тоа малку од малку да се разликуваат. Вака купуваш иста кола само со различно знакче.
Never drive faster than your Angels can fly.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Citroen C4 Aircross
« Одговори #12 на: 03 Октомври 2011, 13:30:54 pm »
Не е таа внатрешност.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Citroen C4 Aircross
« Одговори #13 на: 03 Октомври 2011, 13:35:01 pm »



Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Citroen C4 Aircross
« Одговори #14 на: 03 Октомври 2011, 13:45:34 pm »
Сликава на Џиџи вришти, зошто ги набиле седиштата толку напред незнам само. Еве една иста само од надвор. Една од најубавите слики од Еркросот до ден денес.