Автор Тема: Делови за Opel Corsa D 2008  (Прочитано 1949 пати)

Отсутен YakuzaStef

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Делови за Opel Corsa D 2008
« на: 13 Април 2015, 12:57:25 pm »
Поздрав дечки, барам делови за корса д 2008.

Ако некој има идеја каде да ги најдам нека сподели, ептен ќе ми заврши работа.  ;D

1. Модул за команди на волан (копчето за глас се распаѓа јбг гума е, ама не знам друг начин да ја сменам освен цел дел да го сменам)
2. Отвор за вентилација комплет (ми падна една од перките во вентилацијата и сега во 6ти круг на пеколот е вадење амин)
3. Жмигавецот на крилото (комплет - ми го собрал некој со се сијаличка)
4. Менувачот почнува да избледува (топчето каде што ги пишува брзините со кожата под него)
5. Внатрешните рачки за отварање на вратите

Мали ствари ама нервираат при користење секој ден :)

Фала однапред и поздрав.

Отсутен Mercury

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 799
  • Т(д)ркач
Одг: Делови за Opel Corsa D 2008
« Одговори #1 на: 13 Април 2015, 15:43:36 pm »

Отсутен YakuzaStef

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Делови за Opel Corsa D 2008
« Одговори #2 на: 13 Април 2015, 17:34:28 pm »
Фала Mercury ќе разгледам

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Делови за Opel Corsa D 2008
« Одговори #3 на: 14 Април 2015, 01:37:49 am »
Мене 5ка ме нервира, со друго неам проблем. Веројатно може по part number да се нарачаат во Opel, ама којзнае колку ќе не обричат. Кај мене хром фолијата на едната рачка се има малку одлепено па сакам навреме да ја сменам додека не почне да се приметува.

А инаку каков волан имаш? Ако имаш гумен волан без команди треба цел волан да го смениш. И јас сакам да го направам ова ама голема екскурзија ми е. Волан со команди и нормално без ербег под ~70eu нема по ebay и сл. Единствено од некоја слупана во МК, ама досега немам сретнато.
Какво радио имаш? CD30/CD30MP3 ?

Создравје да ја возиш, сега брзо ја имаш земено? Ги утепав од гледање на оглас до пред недела-две дур не зедов и јас таква.  :)

Отсутен YakuzaStef

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Делови за Opel Corsa D 2008
« Одговори #4 на: 14 Април 2015, 07:35:29 am »
Фала фала  ;D за зимање нема ни недела уште :) се канев еден месец да ја купам и на крај се во еден ден завршив пред празнициве и освен ствариве што се пишани и пар гребаници колава е љубав на прв поглед  :D

За 5кава - 15 евра од Италија комплет (+ 30 за достава од еден што растура) си викам ај тука ќе побарам. Иначе кај мене и двете се доволно одлепени ако не пазиш како жилет се :)

Воланов ми е со команди, а и радиото е фул фабрика (http://tinypic.com/r/9avmhg/8). Се му е фабричко дури и раткапните :) здравје понатаму ако ми налета опел бандаж со пет крака можам да си земам. 

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Делови за Opel Corsa D 2008
« Одговори #5 на: 14 Април 2015, 10:44:17 am »
Од Куманово ја зеде? Црната? :)

На што мислиш под модул за команди на волан? Не работат?

Отсутен YakuzaStef

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Делови за Opel Corsa D 2008
« Одговори #6 на: 14 Април 2015, 11:32:59 am »
Да таа е :)

А под модул мислам командите за глас на десната страна од воланот, е сеа они работат ама излижана е гумата до крај дури и скината.