Овој што си го постирал е обичен бензинец 1.4 85кс.
Тромав е и ќе ти троши најмалку 9 низ град. Зависи за што ти треба, ако го расплиниш и не бараш перформанси ќе те служи без никаков проблем.
Моделот е фејслифт и се разликува од пред-фејслифт моделот во предниот и задниот браник, предната решетка, стаклото односно рамката на гепекот на задното ветробранско стакло, внатрешноста е комплетно изменета, од шалт табла до седишта. Инаку е во референс опрема (основна опрема кај Сеат), ама има доволно.
Претпоставувам дека си помлад дечко, па ќе те личи до Леонот

Возењето е тврдо, управувањето директно, со еден збор, забавно е да го возиш. Не е комфорен како конкурентите и затоа си бара ургенција при избор на гуми

Треба да знаеш дека на повозрасен човек позади би му било заморно на подолги патувања, потпирањето е малку подисправено споредено со другите возила во класата.
Не располага со голем гепек, 341 литар (и тука е зад конкуренција), но мене не ми смета тоа ако се земе во предвид дека и зимовање и летовање поминав со 3 деца и вуфер во гепек.
За одржување има каде да го одржуваш, моторот е познат, делови има секаде, не е скап за одржавање.
Ако случајно те наведе око ТСИ да гледаш (турбо бензинец, со директно вбризгување на гориво) само кратко инфо.
Обично на нет ќе начекаш коментари дека треба да бегаш ко од поплава кога ќе слушнеш ТСИ. Такво е генералното мислење.
ТСИ моторите идат во повеќе верзии:
1.2 85 кс
1.2 105 кс
1.4 120, 122, 125 кс
1.4 160, 170 кс
1.8 180 кс
2.0 200 кс
2.0 230 кс
и поголемите
Бројките земи ги ориентационо бидејќи за истиот мотор разликата може да е 3-5 кс во зависност од тоа дали е VW, Шкода, Сеат, Ауди.
Проблеми со ТСИ моторите имаа:
1.2 (двата мотора) и тоа најмногу вградени во Шкода иако добар број има и низ Сеат и VW (проблеми со турбина, дихтунг на турбина, затегач на ланче ...)
1.4 моторот со компресор и турбина (обично Голф 5 и првите Широко)
Не сите, но солидна бројка од овие мотори имаа проблеми и логично е доколку може да бираш на старо да ги заобиколиш. Има и на форумов 2 голфа со тој ТСИ мотор со солидна километража, едниот и ремапиран, без никаков проблем.
Останатите ТСИ мотори немаат (бар до сега) никакви позначајни проблеми со моторот.
Нај користениот 1.4 ТСИ со ознака CAXC (кај мене е вграден тој) до сега нема пријавено никаков позначаен проблем (ги има неколку и на форумов). Истото е и со 1.8 (на Алкалоид Пасатите имаат по 150-200.000км) и 2.0 ТСИ моторите.
Ќе видиш клипчиња на ЈуТјуб и ќе читаш коментари дека штракале дизни, вентили... Не. Штрака пумпата под висок протисок за гориво, која е поставена горе и се додека не се раздвижи маслото за подмачкување. Да се разбереме, ова ќе го слушнеш со отворена хауба, во кола незначитечно се слуша, а кога ќе загрее моторот ќе проверуваш да не се изгасил моторот

Кај мене во гаража имаш подетално за потрошувачка, забрзувања и слично. Ако треба нешто друго, прашај си
