Имав проблеми со линискиот каиш, ми свиреше при ладен мотор, а кога ќе достигнеше работна температура, се си беше во ред.
Бидејќи ме нервираше тоа така да ми прави, го сменив каишот и шајбната на радилица. После недела дена возење увидов дека свири константно, независно дали ладен или загреан мотор, дали лер или во брзина, цело време свири уште погласно од претходно.
Некој да имал слична мака како оваа?
П. С. @Mikius за пластични делови е малку поспецифично, баш ги растурав фиокчињата на Алфата напред и видов дека се пластични запчаници кои се движат по шина. Еден посилен или поостар потег и толку им е душата на пластичните делови. Користев машинска маст и се помина во најдобар ред.
Провери ги и другите ролери и затегачи, и ако каишот оди и на компресорот за клима и серво пумпата.
Каишот ќе свири ако некоја од тие работи не се движи со иста брзина како другите (ќе пролизгува на ролерот наместо да врти).
Бидејќи се уште си немам отворено тема за мојот болид, не се најде време за тоа, ќе апдејтирам тука.
Проверени сите други ролери и затегачи покрај шајбната на радилица, ниеден од подвижните делови немаше луфта. Па додека бев во Прилеп, механичарите ме препратија кај електричар бидејќи според нив требало да се растура целиот систем тука, да се вади алтернаторот, да се менува кумплунг шајбната на алтернаторот (alternator clutch) итн итн.
Во ред, одам на електричар, кај Лало, на излез од Прилеп и покрај што имаше еден куп работа ја провери. Ја слушна дека свири многу и на загреан и само ми рече дека треба нов пк каиш да сменам, тоа е се.
Се враќам пак кај механичарите, вака и вака, еден Conti 6PK1835 че ве мољим да ми го местите
Саат време подоцна, се слушаше само милозвучниот тон на ЏеТеДе моторот