Ај вака.....
Денеска возам за Бугарија и таман поминав наша граница и во меѓузона (сосема небитно) лазам со еден на саат и одеднаш ми се јави звук на колата кој доаѓаше од под хауба. Дали од моторот или од нешто друго не знам, јебемлига. Доволно беше силен за да може да се чуе со пуштено радио во кола. Звукот беше со непрекинат тон нешто налик како кај некои коли за заборавено светло. Пошто прв пат ми се дешава вакво нешто одма ја изгасив колата и пак ја запалив и звукот го снема.
Што би можело да биде причина за звукот? Се работи за Голф 7 1.2 ТСИ.
ај прашај, па пиши...
Таков беше само многу појак звук, овој на видеото мислам дека внатре не може да се слушне.
Тогаш сигурно е ова. PSV valve.
Дефинитивно е тоа. Исти беше звукот. Ќе видам што ќе ми кажат во Порше и ќе им напоменам дека може се работи за тоа. Знае некој како точно се нарекува овој вентил?
Тенкс Лорду.
[/quote]
Positive crankcase ventilation
Crankcase Ventilation breather/valve
На македонски, најверојатно филтер/вентил за картерни гасови/картерна вентилација. Најверојатно.
Ти си од Паланка и кај голфот ќе биде поизразено. На студено време, самиот вентил/филтер се полни со т.н. мајонез (масло + вода), заради возење на кратки релации/незагреан/непотполно дозагревање за да испари самата кондензација. Овој мајонез во одредени услови може да замрзне и да ти направи беља.
Решението за долг живот на здрав вентил/филтер е возење на подолги релации (особено зимно време) за да загрее моторот и да испари кондензираната вода.
Вчера го носев голфот во Порше, им објаснив дека според звукот спореден со оној на видеото од Лордот се сомневам на pcv valve или како Луки што објасни на македонски филтер/вентил за картерни гасови/картерна вентилација. Извршена е компјутерска дијагностика и не најдоа никаква грешка, ниту пак грешка во историјата доколку таква се има јавено некогаш претходно. Досега сум бил единствен кој се јавил за ваков проблем. Со вработениот со кого разговарав ми рече дека можеби тој звук се јавил доколку дошло до превисок притисок во дизните кој може да достигне и до 200 бара но тоа е сепак негово субјективно мислење. Официјално колата нема никаков проблем и нема простор за грижи.