На википедиа го прочитав истото, Copy/Paste баш и не ми помага.
Туку, има ли случај кога се користи во позитивна конотација?
Кабадајлукот се додека е во одредена мера има шмек. Кога преминваш во сељак тогаш е негативно.
Одредената мера е повеќе во правење некои body language движења, онакво долго тегнење на зборови, некои пцовки
, нема кој мене нешто да ми кажува, јас сум најпаметен ама пак ќе речам до одредена мера.
Во Битола, претежно е на мајтап то. „Еее кабадајчар еден“ или „Се искабадајчи“ демек се испофали, се „испува“ по скупски.
А има забегани шо им е животен стил и мислат дека другите им веруваат на нивните „достигнувања“
Тоа е во кратки црти.