И чичето пак ме праша што е работа со колава. Вика 3ца ми се јавија вчера, 2ца ме убедуваа да дојдат во Недела да ја земат.
Пред да ја земам, чичето ми вика, уште 2ца сакаа да ја купат, некој комшија и некој на технички. Да не потпишевме на нотар во Понеделникот, најверојатно ке ја дадев на друг. Некој човек оставил број, да му се јавам од мене да ја купи. Ако сум сакал да ми даде број.
Аман бее, што толку за меривата? Опел... за опел мерива луѓе ќе се потепаат кој да ја земе 
Шала на страна, втф?
п.с. шефе ти и со мондеото нели имаше некоја ваква голгота, продадено 1 секунда пред тебе и слично/
Да, 2018/2019 мислам беше, договорено Мондео, Олимпија моторс ми го продадоа. Сабота беше, не им работеше терминал и они рекоа нема потреба од капар. Дури и почнавме да бараме делови за сервис. Еден од вработените таму ми е школски. Што да ти кажам...
Мондеото што беше тест возило и кола на годината во 2016 во Мк, бело едно, го имаше по плакати, ми беше висока цената, не сакав да понудам помалце пари, да не се ценкам, и на крај се продаде за цена која можев да ја понудам. Дечкото рече другар, ти не ми даде понуда, јас ке спуштев цена.
Друго Мондео во Велес, продавачот ме ценкаше мене, не падна договор за глупости. Беше огласено дека е регистрирано, а не беше. Го замолив наместо попуст, да го регистрира, ми вика ке го регистрирам, ама нема да ти ги дадам зимските гуми. И така...
А за Меривата, минатата година имаше само 2 огласени кој беа Автоматик и Бензин. Едното ми го продадоа пред нос, другото беше од поновите модели, и доста поскапо, а имаше некој квар.
Затоа го земав ова на жими мајка, да земам таблички, па ке го носам на средување кај Тони Алфа, кој е малце популарен во моментов на форумов.