Фала многу, се јавив веќе и имале во Автолидер.
Ама испадна поинаку работата, се договорив во 9 сатот да ми ја извадат главината сосе рукавец како што го викаат тие,
и до 12 часот кога се реше мајсторот да ја вади можи го мрзеше некако да ја вади на земја со помош на рачна дигалка,
со цел да не му ја држам она големата за цела кола неколку сати, што и мене не ми се исплаќа, па ми вика арно е со навојот,
убав е ми вика, е ај му викам ќе видиш не стега туку шлајфува, и кога го врате тркалото ми заеба еден постоечки здрав штраф.
Тоа навојот држи при крајот арен е на два три последни навои, ама пошто има растојание помеѓу бандажот и главината,
тие навои си стојата така, и после две недели тормозење се откажав, си купив два М12 штрафови за 2-3 мм подолги се
и го стегнав еден на тој разјадениот откако го поминав на дребонг, и сега така мислам да возам, па ко ќе поминувам
накај Струга деновиве ќе си побарам по тие отпадите цел рукавец сосе лагер, па кога ќе му дојди времето ќе му го бапнам на кола.