Автор Тема: Renault Megane 1.5 dCi 2006  (Прочитано 133491 пати)

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #30 на: 22 Октомври 2011, 17:42:59 pm »
Нејќев да отварам нива тема за ова па затоа пишав овде значи вакапред неполн месец ми се скрши делче од буквата М од логото МЕГАНЕ па да ве прашам за совет како и со кој лепак да го залепам делчето.
Еве некоја слика:

И слика од делчето:

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #31 на: 22 Октомври 2011, 17:46:26 pm »
Во Веро има онакви малечки тубички супер-лепак на секоја каса. Ќе си купиш една, убаво ќе го исчистиш делот на багажникот кај што треба да го залепиш, и убаво ќе го исчистиш и искршеното делче одоздола, ќе капнеш малку лепак и ќе го залепиш.

Ќе си држи без проблем.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #32 на: 22 Октомври 2011, 17:52:55 pm »
купи нов багажник  :D :D :D :D се шалам  ;)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #33 на: 22 Октомври 2011, 18:19:51 pm »
Зеро мисли на Јуп, имам лепено со тоа и држи. За ова би требало да сврши работа. Само мора да го стерилизираш местото максимално.
Исто паметна идеја е да ја дибеџуваш колата и да ги извадиш сите букви! :) И така збира ѓубре околу нив како што гледам. Тоа би го направил јас.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #34 на: 22 Октомври 2011, 18:29:19 pm »
Купи квалитетен лепак...  LOCTITE го има по овие, плочкари... анса манса... околу 50 денари е Иначе лепакот е на HENKEL па така да нема промашај...

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #35 на: 23 Октомври 2011, 00:52:04 am »
Мој совет е да не ризикуваш со секундарните лепаци што се во течна состојба,зошто голема е опасноста при лепење да ти протече и на тоа место да се оштети бојата.
Прво убаво исчисти го местото каде што фали буквата,потоа ке си купиш двострана трака за таа намена,ја има во продавници за бои и лакови или најдобро во продавници што продаваат авто бои и лакови има таква трака доволно тенка да не се познава премногу која е за таква намена.
Имам прашано во автолакерски сервис како ги лепат знакчињата на колите откако ќе ја офарбаат колата,и ми имаат посочено дка ги лепат со таква трака.
Значи ти треба двострана трака,остар скалпер и мирна рака за да ја исечеш доволно прецизно траката како не би се познавала премногу.

Епа сега пробај со некоја од варијантиве и да ги видиме резултатите!

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #36 на: 23 Октомври 2011, 02:21:07 am »
Бушав таа двослојна трака  се вика дуплофан и секоја од нив е подебела од 3/4 милимерти...  и верувај ми ке двои во висина...

А се надевам дека прчот, внимателно ке лепи... и нема да го бања... Меганот со супер лепак :)

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #37 на: 23 Октомври 2011, 11:24:29 am »
Фала за советите на сите, прво ќе пробам со варијантата на Бушав со дуплофанот ако не ја бива работата ќе преминам на варијанта супер лепак па ќе пишам за резултати во текот на денот.
Поздрав!!!

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7831
  • Плинаш!!!
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #38 на: 23 Октомври 2011, 15:02:19 pm »
Јас ти препорачувам да си земеш двокомпонентен лепак. Мислам дека нема да држи долго со било кој супер лепак. А таков лепак има во Визбегово до енпафен и е 40 ден.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #39 на: 23 Октомври 2011, 16:19:02 pm »
А јас мислам да одиш до некој автолакерски сервис и да ги замолиш(фрли му едно пиво),да ти ја средат....посекако тие имаат и повеќе искуство,и материјал за ваква намена  ;)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #40 на: 23 Октомври 2011, 19:27:30 pm »
Баш ме интересира, што ке направиш...

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #41 на: 24 Октомври 2011, 13:03:44 pm »
Го искористив советот на Бушав и можам да кажам дека работата е завршена и ќе видиме колку ќе трае :)
Прво набавив остар скалпер и дуплофан:
 
Потоа се фрлив на чистење на местото:


Совет: За чистење на постоечкиот лепак од бојата користете некое дрвце за да не ја оштетите бојата.
И еве го конечниот резултат:

Потрошени средства:
Скалпер 40 ден.
Дуплофан 150 ден.
Се на се задоволен сум од конечниот резултат :)
Поздрав!!!

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #42 на: 24 Октомври 2011, 13:06:09 pm »
Одлично сработено.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #43 на: 24 Октомври 2011, 13:11:34 pm »
Вака е ОК, ама ќе видиме после перење, дожд ... Ја тука би играл со силикон!

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #44 на: 24 Октомври 2011, 13:12:48 pm »
Одлично сработено.
Благодарам многу  ;)