Автор Тема: Регистрација и технички преглед  (Прочитано 419704 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #570 на: 24 Април 2016, 19:36:39 pm »
Мене ми побараа да ги сменам таблиците рди тоа што беше повеќе од година дена нерегистрирано возилото.

кога тоа? пред колку време? можеш да ги тужиш ако е после донесување на законот...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15246
  • Пудингот на шоферството
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #571 на: 24 Април 2016, 19:39:26 pm »
Lani letoto juli,avgust mesec...deckoto so izdava tablici i soobrakajni sonudira pecati mie poznanik i bas mu rekov dali e siguren mi rece deka trebalo pa.si doplativ za novi tabli.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #572 на: 24 Април 2016, 19:44:24 pm »
очигледно толку знае и он...

затоа последниве неколку месеци, кога се мења таблица на возило, ти буткаат едно ливче под нос да го потпишеш дека по сопствена воља мењаш таблици и наведуваш причина одоздола...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #573 на: 24 Април 2016, 20:05:17 pm »
Законот вели вака:

Сопственикот е должен да го одјави возилото и во рок од 30 дена од одјавувањето да ги врати и регистарските таблици во МВР во случај кога поминале повеќе од 30 дена од исеткот на важноста на сообраќајната дозвола или со други зборови, ти истекла регистрацијата, не си го регистрирал возилото, поминале 30+ дена должен си да го одјавиш возилото и од денот на одјавување имаш уште 30 дена рок да ги вратиш регистарските таблици во МВР (милом), ако не ги вратиш тогаш МВР ќе покрене постапка да си ги земе таблиците од тебе (силом ;D). Кога ќе ги вратиш таблиците (милом или силом) МВР е обврзано да ги чува година дена. Ако во тие година дена одлучиш повторно да го регистрираш возилото ќе ти ги доделат истите таблици. Ако не го регистрираш возилото во тие година дена тогаш МВР ќе ги уништи таблиците. Ако ти текне да го регистрираш возилото да речеме после година и кусур дена ќе ти се доделат нови таблици.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #574 на: 24 Април 2016, 20:08:58 pm »
миииислам дека грешиш. сменет е законот од пред некоја година... ама ај, нека се произнесат упатените...

конкретно, пред 6 месеци регистрирав возило кое имаше помината регистрација околу 2 години.. нит нови таблици нит бутур... си пројде на технички, ставија печат и датум во сообраќајната и тоа е тоа... истите таблици си се, и тоа оние постарите, со 3 бројки што се, не со 4...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #575 на: 24 Април 2016, 20:17:43 pm »
Тоа така ти прошло пошто уште не притискаат по техничките на таа пракса, ако решат да притискаат ете ти уште една причина да се иселиш од оваа лоповска, банана, лажна и уште незнам каква држава.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #576 на: 24 Април 2016, 20:20:02 pm »
Само болдираното се однесува на дискусијата погоре. Законот е сеуште во важност, од денот на донессување на законот до денес донесени се и измени и дополни кои не се однесуваат на наведеното подолу.                                                    

                                                     Член 40 (од Законот за возила Службен весник на РМ, бр. 140 од 06.11.2008 година)
                                                                                    Задолжителност на одјава
(1) Сопственикот на регистрираното возило е должен да го одјави своето возило кај органот што го регистрирал и со одјавата во рок од 30 дена од денот на одјавувањето, да ги врати регистарските таблици, ако:
1) возилото е уништено, односно има статус на искористено возило, согласно со прописите за заштита на животната средина;
2) возилото е трајно изнесено надвор од територијата на Република Македонија;
3) возилото ќе се регистрира во странство заради преселување на сопственикот на возилото, односно од други причини;
4) возилото е украдено;
5) важењето на сообраќајната дозвола истекло пред повеќе од 30 дена, односно пред повеќе од една година за мопеди (велосипеди со мотор), мотоцикли, лесни трицикли, трицикли, лесни четирицикли, четирицикли, возила за домување, приколки за домување и олдтајмери и
6) во времето на важење на сообраќајната дозвола престанало да важи задолжителното осигурување.
(2) Во случаите од ставот (1) точка 4 на овој член, сопственикот на возилото е должен само да го одјави своето возило.
(3) Регистарските таблици со исти ознаки не може да му се издадат на сопственикот на возилото, доколку се изгубени, доколку возилото било украдено или доколку за него биле издадени регистарски таблици со избрана ознака.
(4) Министерството за внатрешни работи или правното лице за регистрација на возила е должно да ги чува вратените регистарски таблици една година од денот на нивното враќање.
(5) Ако во временскиот период од ставот (4) на овој член со вратените регистарски таблици не е регистрирано истото возило, тие таблици се уништуваат.
(6) Ако во случајот од ставот (1) точка 5 на овој член, сопственикот не го одјави своето возило и не ги врати регистарските таблици, Министерството за внатрешни работи писмено го известува сопственикот на возилото, дека во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето е должен да ги исполни своите обврски од
ставот (1) на овој член.
(7) Ако сопственикот на возилото во рокот од ставот (6) на овој член не ги исполни своите обврски, Министерстово за внатрешни работи го брише возилото од евиденцијата на регистрираните возила и презема мерки за одземање на регистарските таблици на трошок на сопственикот на возилото.

(8) Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на сопственик на возило што постапува спротивно на одредбите од ставот (1) точки 1, 2, 3, 5 и 6 на овој член.
(9) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на сопственик на возило што постапува спротивно на одредбите од ставот (1) точка 4 на овој член.
(10) Глоба во износ од 1.500 до 2.200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице што постапува спротивно на одредбите од ставот (1) точки 1, 2, 3, 5 и 6 на овој член.
(11) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице кај правното лице за сторен прекршок од ставот (10) на овој член.
(12) Глоба во износ од 1.500 до 2.400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице што постапува спротивно на одредбите од ставот (1) точка 4 на овој член.
(13) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице кај правното лице за сторен прекршок од ставот (12) на овој член.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Ученик

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 527
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #577 на: 18 Мај 2016, 18:58:04 pm »
Да си прашам, за прва регистрација, прво се оди на технички па од таму ке ме упатуваат каде ќе треба, или во мвр ?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15246
  • Пудингот на шоферството
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #578 на: 18 Мај 2016, 22:50:49 pm »
Zavisi za so,nekogas i na maticar se odi prviot pat.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5403
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #579 на: 31 Мај 2016, 13:18:29 pm »

Има ли можност да се обнови регистрација порано од месец дена пред истекувањето на истата? (два месци во мојот случај)
Или Зелен Картон некако да важи по истек на регистрација?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5256
  • The Spartan General
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #580 на: 31 Мај 2016, 13:21:21 pm »

Има ли можност да се обнови регистрација порано од месец дена пред истекувањето на истата? (два месци во мојот случај)
Или Зелен Картон некако да важи по истек на регистрација?

Велештрумф го имаше истиот случај. Прашај го него како постапи.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5403
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #581 на: 31 Мај 2016, 13:25:18 pm »

Велештрумф?
Најде некое друго решение освен „краток“ зелен картон од месец и половина?

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #582 на: 31 Мај 2016, 13:31:29 pm »
Зелен картон 99% верувам дека нема да може да важи после регистрација. За другово велештрумф прашуваше, само не знам дали баш во темава, види некоја страна наназад.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20896
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #583 на: 01 Јуни 2016, 00:48:52 am »

Велештрумф?
Најде некое друго решение освен „краток“ зелен картон од месец и половина?

Можно е, ако им наведеш доволно добра причина (во мојот случај беше преселба во странство) на Национално Биро за Осигурување, па да се согласат порано да ја прекинат полисата, за да може да се издаде нова. Со ова би ги изгубил попустите доколку си ги имал (ако не се активирало осигурањето).

Обрати се у нац. биро, (за дивно чудо одговараат и на мејлови), ќе ти кажат што како...
« Последно менување: 01 Јуни 2016, 15:22:17 pm velestrumf »
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5403
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #584 на: 01 Јуни 2016, 12:21:18 pm »

Ok jaсно е, фала.