Јас мојот избор го направив пред 2 год за нешто пониска сум од оваа,и сега да би го правел пак ќе го направам истиот избор само фејслифт со истата опрема и 1.6дци мотор,башка и кусур ќе ми остане.Арно ама мојот избор е субјективен,налудничав и непромислен и не е воопшто битен во приказнава
Е сега да се вратам на темава,и да кажам некои логични работи(барем мислам дека се логични)
1.Мазда 3,ама ич око не ми трепнуе.Очигледно дека бирам кола со срце а не со разум,кога и да ја видам колава како се вози низ градов си го кршам вратот за подобро да ја изгледам.За 22 бона верувам дека ќе го земам тој мрсниот 2.2 дизелаш со најмрсната опрема.
2.Форд Фокус. Верувам дека е одлично возило и цената му е разумна.Грдичок е позади ама јебига ќе избегавам многу да го гледам од позади.
3.Сеат Леон. Лепотица,само во ФР варијанта со најмрсниот дизелаш.Обичните верзии се поприлично грдички.Тоа што е наводно тврд не ми смета,млад сум уште
4.Шкода Октавија само зошто се величи на форумов и може да се земе за пристојна цена.Обичните варијанти се ужасно конзервативни и досадни,створени за такси возило.Се разбира само РС,бидејќи на слики изгледа пристојно.
Е сега,имав прилика да седнам во Голф 7 2.0 тди Хајлајн,за жал сеуште сум немал прилика да го провозам.Надворешниот изглед нема да го дискутирам.Внатрешно малку досадно ама фино скоцкано и изработено немав замерки се додека не ја отворив задната врата.Не знам дали некој друг примети ама задниот тапацир е изработен од многу полоша пластика од предниот тапацир.
Мислам да дадам преку 20 бона и некој да ми стави ефтина пластика на задниот тапацир,богам се заебал.Да беше едно 5 бона поефтин можеби ќе им прогледав низ прсти ама вака навистина нема смисла.
Можеби е тотално небитна работа ама мене ми смета.Искрено ме чуди како никој од тест возачиве не го примети тоа и воопшто не прокоментира или пак се заслепени од неговото височество Голф и не ни пробуваат да најдат мана
Очигледно е дека сите производители почна да штедат,дури и швабиве!
Како и да е,оди прошетај,пробај ги сите варијанти што ти се нудат за твојот буџет,разгледај убаво и тоа што ќе ти фати око и најубаво ќе ти легне зимај без да му ја мислиш и да слушаш рекла казала муабети