Јас да си се пофалам од Motul x Clean 5w40. Еве веќе поминав 1000км и сум презадоволен. Во смисла дека не ми троши ни грам. Е сега може кога е загреан моторот да работи помирно ама ова може и јас си замислувам. Ако ми потроши 500-600 грама на 10.000 би бил презадоволен.
Значи пред ова со години беше ставано погрешно масло Elf Excellium 5W40 наместо Elf Evolution 5w40 кое е специјално масло само за Рено. Значи со елфот ми го трошеше. Пред да правам сервис со мотулот, бев поминал точно 10.000 со елфот и дотурив 1.2 литри за тој интервал. Тоа ти е не алармантна но сепак голема потрошувачка на масло. Да не го урочам мотулот ама сега за сега сум презадоволен. Нареден пат ќе биде Motul X-cess, мислам дека ова масло е посоодветно за мојот мотор или Motul Specific RN0700/0710 ама тоа е недостапно, многу е тешко да се најде од каде да се купи.