Deni јас познавам човек, метрополитен кој го има прошетано цел свет и има живеено во странство, унвиерзитетски професор кој има неколку приватни фирми и многу кеш. Има возено автомобили на кој ти само се имаш ложено. Ај погоди каков градски автомобил вози? Вози Киа Сид, а пред тоа имаше Субару (не ми текнува моделот). Зборувавме околу неговиот избор, бидејќи во исто време и стариот купуваше кола (Тојта Аурис). Според него Сид нуди најмногу за парите кои се вложени; квалитетот, поузданоста и издржливоста според разни тестови е на највисоко ниво, секако повисоко од она на Гољф. На крај има 5 години гаранција во којшто период човекот планира да го промени возилото за друго. Значи го вози 4-5 години, го продава и си доплаќа за ново возило.
И? Ти би земал Корејско возило, наспрема Германско или Јапонско? Аха, така и мислев. Со здравје да си го вози!
Не го занимаат автомобили, очигледно. Јас намерно постојано ги споменувам сите Германски и Јапонски прозиводители, иако сакате да ми го накалемите само VW. Ако не сакаш Голф, има уште 50 други одлични возила. Сите тие не нудат доволно? Сериозен си? Па стигнавме до Quart-Хјундаи.
Тоа е тоа. Ако можеш да најдеш мерак во возење на Хјундаи, свака ти част. А јас дали ќе најдам мерак во Цивик, Фокус, А3 или Астра - тоа е загарантирано.
Единствена причина за која е возможно да купиш Хјундаи е дека мислиш дека ќе заштедиш, и во исто време немаш апсолутно никаков мерак за возење автомобил.
П.С. Немаш најмала идеја какви коли имам возено или во какви се имам возено. Иако тоа е ирелевантно.
П.П.С. Јас познавам многу умен човек кој е нашетан, доктор, специјалист, хирург, имаше Поло, па Голф, па Е класа, и пак Е класа... сите коли уште ги имаат. Имам друг пријател кој имаше Голф1, Голф 3, Венто, Пасат... Никогаш не би купиле друга марка. Имам пријател што купи Астра, па А класа, па А3, се кае највеќе на свет што не земал А3 уште одма. Имам пријател кој имаше Голф1, го шитна зема Голф2, го шитна зема Голф3, го шитна и зема голф4... Сега вози Голф 5. Сите се учени луѓе со факултети специјализации, нашетани, кој доктор на науки, кој роден во Германија... И уште многу други примери.
Многу убава споредба имаше на последната епизода на ТопГиар, за најефтиното ѓубре или кола на старо за тие пари. Секако дека е подобро кола на старо.