Автор Тема: Пaркирање на кола во гаража на подолго време  (Прочитано 1504 пати)

Отсутен Iceman_sk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 107
Пaркирање на кола во гаража на подолго време
« на: 24 Септември 2013, 15:40:42 pm »
Доколку треба да се остави колата се остави во гаража(двор) 3-4 месеци?
Треба ли да се подигне на стубчиња?
Треба ли да се стави повеќе уље?
Треба ли нешто друго специјално да се направи ???  ???
Совет некој друг  :-\
« Последно менување: 24 Септември 2013, 15:48:29 pm Banzai »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Пркирање на кола во гаража на подолго време
« Одговори #1 на: 24 Септември 2013, 15:47:57 pm »
Најлесно да ја врти некој еднаш месечно и готово. Инаку нова кола за 3-4 месеци не би требала да има никакоов проблем. Едино би рекол барем да се подбутне еднаш во месецот пола метро нанапред колку да не лежи на истото место на гумите.

Отсутен Iceman_sk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 107
Одг: Пaркирање на кола во гаража на подолго в
« Одговори #2 на: 24 Септември 2013, 15:54:19 pm »
Се работи за ауди А4 1998 1.8Т ако нешто менува :)

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Пaркирање на кола во гаража на подолго време
« Одговори #3 на: 24 Септември 2013, 15:58:57 pm »
Јас би ја палел еднаш неделно ако е можно

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Пaркирање на кола во гаража на подолго време
« Одговори #4 на: 24 Септември 2013, 22:25:31 pm »
Истото и јас го мислев додека Симо не ми посочи еден очигледен факт.
Имено, во зима мојата кола не се вози и прашањето ми беше дали има корист ако ја палам еднаш неделно.
Не ми текна дека за период од една недела, маслото целосно легнува во картерот и ти всушност секоја недела го стартуваш моторот на "суво". Тоа е значително поголем стрес за самиот мотор отколку да ја оставиш колата и да ја запалиш кога ќе се решиш да ја возиш.
Ако си ја оставил исправна, исправна и ќе ја најдеш.
Единствено имам да го советувам Iceman да го извади акумулаторот и да го чува некаде во соба или просторија со собна температура.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Пaркирање на кола во гаража на подолго време
« Одговори #5 на: 25 Септември 2013, 00:15:49 am »
Дисконектирај го акумулаторот.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Пaркирање на кола во гаража на подолго време
« Одговори #6 на: 25 Септември 2013, 00:22:11 am »
цело масло ти е во картер после 3-4 саати од кога ќе ја угасиш колата,ти уствари секое сабајле ја палиш "на суво"
затоа тука е пумпата да го истера уљето нагоре до брегаста/и

за 3-4 месеци не би требало да се јави никаков проблем

но сепак има шанса да запече нешто,затоа е пожелно палење и развозување



Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Пaркирање на кола во гаража на подолго време
« Одговори #7 на: 25 Септември 2013, 10:54:41 am »
само акомулаторот извадиго и немаш гајле за другото
Типото мое стоеше 3 години без да го запалам, во тие 3 години дали 3 пати го свртив рачно моторот
на првото палење само му ставив бензин директно во карбуратор и запали ОДМА без никаква мака
немаше никаков проблем освен црн чад од стар бензин

Отсутен Боби Л.

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
  • I live my life a quarter mile at a time...
Одг: Пaркирање на кола во гаража на подолго време
« Одговори #8 на: 25 Септември 2013, 11:40:33 am »
Само стави му на гумите некоја подлога друго ништо нема гајле :)
https://www.youtube.com/watch?v=-Lc9QZqITc4
Брзината не е опасна,туку будалата шo седи зад воланот :)