Ти признавам мајстор си за да ја отераш дискусијата во офтопик. Еве дури ме натера и да не те игнорирам целосно...
Ако некој ја тера дискусијата офтопик тоа си, иронично, токму ти. Наместо да зборуваш за генетика и генетски инженеринг, ти зборуваш за бизнис модели, корупција, пестициди и за моите карактерни особини.
Кажи како се чуствуваш кога игнорираш peer reviewed научни студии и други докази.
Токму ти делумно ги игнорираш, т.е. ги прифаќаш селективно.
http://en.wikipedia.org/wiki/Cherry_picking_%28fallacy%29Она што е во согласност со твоите однапред оформени ставови - тоа е чесна наука. Она што е во спротивност - тоа е тролање, корупција, бла, бла... Немере тако младичу. Колачот на вистината се јаде цел, а не само деловите што тебе ти се свиѓаат.
Никако не е важно што канцерите, раковите, алергиите, аутизмот, генетските нарушувања... сето тоа е во огромен пораст. Ќе го оправдаме со растот на просечниот животен век.
Ван, за ракот веќе ти одговорија Зеро и Дени: рак настанува кога со тек на време се акумулираат дефекти во генетскиот матерјал. Рак е типично болест на староста. Порано немало толку многу случаи на рак затоа што луѓето умирале многу помлади, од разни болештини. А кога некој дедо ќе умрел на 90 години од рак, не знаеле од што умрел па викале „умре од старост“ (а оно рак на панкреас). Звучи парадоксално, но тоа што денес многу повеќе се умира од рак отколку порано е само показател колку по здраво живееме од порано (внимавај! „здраво“ и „природно“ не се синоними!)
Астмата ја има повеќе во денешно доба заради хигиената. Малите деца на денешницата се одгледуваат во супер-чисти средини и нивните тела немаат шанса да се „навикнат“ на разни алергенси кои ги има во природата, па кога ќе потпораснат - алергии. Претераната хигиена е сериозен здравствен проблем типичен за урбаните средини. Деца растени на село немаат проблем со алергии (но имаат со еден куп други болештини, непознати за урбаните деца).
И ништо од ова нема никаква врска со ГМО ниту со пестициди.
Безброј примери има, на работи кои со тек на време се докажуваат како штетни и опасни, иако извесен временски период упорно се лаже дека истите се совршено безбедни.
Едно е некоја си таму лоби група да вика „безбедно е, безбедно е“ а оно да не е. Такви случаи има во историјата многу. На пример, како што не учи „Космос“, на времето кога ставале олово во горивото постоеле лоби групи поддржани од корумпирани научници кои викале „безбедно е бе турај“ и покрај тоа што не било безбедно.
Друг пример кој ми текнува е пестицидот DDT. Koга го измислиле бил топ, но со тек на време инсектите стекнале резистентност, па го прскале се повеќе и повеќе се додека не дошле до количини отровни за човек. И, повторно, околу безбедноста на DDT никогаш немало научен консензус. Напротив, токму научниците цело време биле скептични.
Но ГМО не е таков случај, бидејќи позади неговата безбедност нема лоби групи и поединечни научници, туку научен консензус. Околу олвото во горивото немало научен консензус.
Дали ти е јасно што значи „научен консензус“? Тоа е релативно нова категорија, која порано не постоела, а денес постои благодарение на информациската револуција, т.е. можноста секој со секој научник да ги споделува резултатите - нешто што порано не било возможно. Да пробам да ти објаснам со тоа што ќе ти кажам што научнот консензус не е:
1. Не е мислење на поединечен авторитет. Ако со една научна област се занимаваат, тропам, 10.000 научници од кои еден е нај-манга и најпознат и најценет од сите, не е доволно тој еден да каже „вака е“ за да се оформи научен консензус.
2. Не е мислење донесено по пат на гласање. При формирањето на консензусот нема демократичност. Не се тоа резултати од едно истражување кои после се дава на гласање на симпозиуми „ајде кој мисли дека ова е вака нека крене рака, фала, кој не мисли нека крене рака, фала“ па после се бројат гласови за која опција има повеќе гласови тоа да биде консензус.
3. Не е општонароден, масовно на цело село консензус, туку консензус меѓу оние кои се стручни во областа за која се бара консензус. Па така, за многу теми нема општонароден консензус, туку мислењата се (за жал) поделени: вакцини, гмо, еволуција итн. Но, ако не ги прашуваш ојле и дојле туку ако ги прашаш само оние кои се стручни во областа (т.е. кои знаат што зборуваат), за истите тие теми ќе откриеш многу цврст, хомоген консензус.
4. Не е мислење кое е прифатено од ама баш сите до еден научници. И меѓу оние со диплома има мала група пропалитети, преваранти, шарлатани, опортунисти или корумпирани говна (или сето ова на купче заедно). Ако д-р. Слаѓана Велков вика дека треба да гледаш у сонце и да јадеш тревки за да бидеш здрав, на никој начин не го ремети научниот консензус кој вели дека ако гледаш у сонце ризикуваш оштетување на видот, а ако јадеш само тревки ќе умреш од глад - ако претходно не се отруеш од некој токсин у ултраприродните тревки пошто ќе го кркаш у огромни количини пошто само тревки ќе јадеш.
5. Не е, просто, актуелен научен тренд кој можеби утре ќе се смени (како што го сфаќа Фаланга). На пример, и покрај тоа што повеќето научници денес сметаат дека вселената настанала пред 13.нешто милијарди години, тоа сознание не го формира научниот консензус бидејќи научниците се и тоа како свесни дека новите методи на истражување кои може да ги донесе иднината можеби ќе донесат други резултати. „Сега за сега мислиме дека е вака, утре ќе видиме може ќе се премислиме“ не е научен консензус. Научен консензус има околу бројот на карпести планети во сончевиот систем. Научен консензус нема околу тоа како настанале. Има повеќе прифатени хипотези.
Научен консензус е мислење околу кое се согласуваат речиси сите стручњаци во дадена област (не политичари, не новинари, не глумци и глумици!), а се согласуваат затоа што 1. мноштвото истражувања одат во прилог на мислењето и 2. затоа што сите обиди да се побие таканаречена нулта хипотеза (знаеш што е тоа?) биле неуспешни. Тоа е мислење во кое нема научни причини да се сомневаме.