Еве нешто што треба малку да ги доведе работите во контекст..
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
http://geneticliteracyproject.org/2015/02/02/how-your-food-would-look-if-not-genetically-modified-over-millennia-2/
Зеро, ова многу пати го објаснивме. Ама ете ајде пак, те молам дај му шанса на текстот подолу... се разбира како сакаш да разбереш (а ваљда сакаш, чим учествуваш на темава).
ГМО храната МОЖЕ, односно има ГОЛЕМ потенцијал да се однесува како антиген затоа што е неприродна творба. И не важи тоа за сите. Дали важи за еден или друг ГМО зависи од тоа од каков тип е измената во генеткиот материјал и особините. На пример цитрусните овошја (агруми) имаат такви особини да се однесуваат како антигени кај голем дел од децата и бебињата, додека јаболката и бананата скоро никогаш не се однесуваат како антиген. Разликата меѓу не-ГМО и ГМО антигените е што во првиот случај ако се случи не-ГМО да ти делува како антиген ќе го знаеш тоа и едноставно нема да го конзумираш. Ќе конзумираш нешто друго. Во другиот случај ти не знаеш дали нешто е ГМО или не е. Они имаат намера најосновните прехранбени продукти да ги модифицираат, но нив не можеш да ги избегнеш и елиминираш од исхраната. Особено не може тоа да го направи целата популација од планетава на масовно ниво.
Бачка, ајде малку да го рафинираме ова напишаново -со акцент на болдираниот дел, ама и од аспект на грешките што... едукативно загрозениов дечко со ник филипв, сака да ни ги пласира.
Прво ГМО е погрешен акроним, ГИО е посоодветен. Адвокатски гледано (здраво филипв) описот ГМО ги опфаќа малте сите
одгледувани видови храна со кои човештвото се храни. Минус дивеч, риби & морска храна, и диви овошки/зеленчуци. Зошто од технички аспект навистина сите одгледувани видови храни (и месото од добитокот) се генетски модифицирани.
Знам Миле дека го знаеш ова, ама други не го знаат па затоа го повторувам (зеро, поздрав и до тебе и до табелата што си ја поставил
).
Значи модификацијата на генетскиот материјал е сеприсутна низ историјата, и неоспорна. Но таа генетска модификација не се правела со методот на генетски сплајсинг, туку со стари докажни методи како генетска селекција и во други случаи со вкрстување. Разликата од старите традиционално безбедни методи до методот на генетски сплајсинг не можам да ја доловам ни со клишето: небо и земја.
Затоа не треба да се употребува називот ГМО кој намерно ни е натурен да се употребува, за да се прават забуни.
Правилниот назив е ГИО, или генетски инжиниран организам (организам добиен со генетски сплајсинг).
Ова е важно да го расчистиме за да не доаѓаме во заблуда дека сите методи на генетска модификација се еднакви. НЕ СЕ. (уште еден поздрав за филипв, исто и за зеро, и за сите што се во заблуда)
Но да не биде здраво-за-готово муабетот, ајде да објасниме зошто методот на гентескиот сплајсинг е толку различен од традиционалните методи на генетска модификација.
Лаичко прашање:
Како е можно да е безбеден модриот патлиџан, кој генетски е многу поразличен од патлиџанот... отколку што ГИО патлиџанот е различен од стариот добар не-инжиниран, не-сплајсиран патлиџан?Поводот за ова прашање е
валидната забелешка дека процентот на сличност во ДНК записот е многу поголем меѓу патлиџанот и ГИО патлиџанот (во однос на модриот патлиџан).
Но тоа што лаиците не го знаат, а пропагандната машинерија на индустријата го пласира во неедуцираните глави на момците (и девојките) како што е филипв, е следново:
(и се разбира дека ќе симплифицирам, за да ме разберете... а ако некогаш на темава налета некој што може ова по-елоквентно да го напише, или е поначитан и поедуциран од мене, го молам да ме дополни или исправи ако грешам некаде)
(не не филипв, ти дефинитивно не си
тоа)
ОК. Патлиџанот, исто како и модриот патлиџан, исто како компирот... исто како и многу други виодви од истата фамилија Solanaceae, сите тие имаат своја ДНК спирала составена од комбинација од делови на ДНК спиралите од нивните претци поназад во еволуцијата.
ОК? Краток пасос и јасно кажано за лесно да се разбере.
Тие делови од ДНК спиралата наследени од нивите претци, разберете ги како рецки од клуч (за отварање на врата, се разбира). ОК? Разберете ги како како делови од еден долг сложен клуч.
(замислете оваков клуч, ама многу подолг и посложен)
Имуниот систем е бравата, а дигестивниот систем е вратата во човековиот организам. За храната да влезе во сложениот систем наречен човек, имуниот систем мора да ја отвори вратата. Или да ја затвори, ако внесеното е штетно и непожелно. (симплифициран хинт: премногу алкохол доведува до што... -повраќање се разбира, а системот има и други методи на детоксификација)
ОК? Јасен сум до сега?
Значи што е проблемот со ГИО?
Проблемот е што билдинг блоковите, деловите од неговата ДНК се изменети со непрепознатливи делови. Клучот добива изменет распоред на рецките и... не може да ја отклучи бравата. Имуниот систем не ја отвара вратата, погрешно или правилно (сеедно) ама храната од ГИО ја идентифицира како АНТИГЕН.
Затоа имуниот систем се активира и се дешава што се дешава натаму кон разни форми и степени на автоимуни заболувања, или алергии (во поблага форма на сето тоа). Иначе од овде натаму процесот е веќе над мојата компетентност издржано да зборувам (иако имам добра концепција што следува), некој поедуцуран би направил добра работа да ме дополни.
Ете ова е уште еден начин да го објаснам антиген својството на ГИО, од аспект на консумација (човечка или добиточна, сеедно). Поедноставно кажано... здравје. Мислам дека ова е прилично лесно за разбирање и за лаици, но ако некој може подобро секако нека повели... се разбира дека и тоа како може подобра работа да се заврши од оваа мојава. (не не филипв, не ти)
@Миле ај у опклада дека па ќе има ботување?
Значи назад на генетската конекција меѓу видовите, да резимираме. Овие видови еволуирале заедно со еволуцијата на самиот човек. Претците на човекот ги јаделе тие јадливите претставаници од фамилијата Solanaceae. Се разбира не се сите видови Solanaceae јадливи,
некои се прилично отровни. Дотолку што од некои nightshade се правеле најсилните отрови, и кога иницијално патлиџанот бил донесен од Америка, некои сеуште не го јаделе зошто плодот многу личел на поголема варијанта од европски вид кој служел за правење отров.
Се разбира тие што се обидувале да јадат од отровните примероци од Solanaceae, не успеале да придонесат кон развивање на отпорност затоа што самите ги отстранувале своите гени од човечкиот генотип.
Еве пак каде се е распространет животниот хабитат на Solanaceae фамилијата:
Квиз прашање: дали знаевте дека во Solanaceae припаѓа и пиперката (кои денес и одамна одпорано) ние луѓето со задоволство ги јадеме?
http://en.wikipedia.org/wiki/CapsicumIn Bulgaria, South Serbia, and Macedonia, peppers are very popular, too. They can be eaten in salads, like shopska salata; fried and then covered with a dip of tomato paste, onions, garlic, and parsley; or stuffed with a variety of products, such as minced meat and rice, beans, or cottage cheese and eggs. Peppers are also the main ingredient in the traditional tomato and pepper dip lyutenitsa and ajvar. They are in the base of different kinds of pickled vegetables dishes, turshiya.