Ја имам 7 години, имам залупано преку 3000 евра во неа на нови гуми и бандажи, инструментарија во кабина, чип, издув, кожен ентериер, нов комперсор за клима,нови амортизери, нови зглобови, нови полуосовини, нова хидр. бомба за 4x4, сите стабилизатори и чаури, еден куп нови цревца за бензин, масло и вода и многу работи кои во моментов не ми текнуваат.
Се е порачано по каталошки број, се е од Германија, немам стапнато во скопска опел продавница.
Остана само интеркулер, евентуално плин и локална лимарофарбарија и козметика на пролет и мало затемнување на стаклата. Толку.
До сега сум немал проблеми фала богу, не ме остаила и истите луѓе кои досега ми ја средувале и сервисирале би биле задолжени и за монтажа на плин. Kолата веќе има над 20 години и не очекувам да трае вечно, сакам да ја возам секој ден наместо да се траскам со Југо... плус и мерак имам за нешто подобро како втора во иднина кога џебот ќе дозволи, така да после се што е вложено во неа не планирам да ја продадам никогаш.
Затоа и реков ..Плин да, но не било каков, не монтиран од било кој и не било како.
Овој БРЦ систем е најскапиот и најдобриот во понудата.
На обуките за БРЦ во Италија изложбен примерок им беше Maserati Gran Turismo со овој плински систем.