Автор Тема: Туторијал: Инсталација на Win7 и Win8 од екстерен хдд  (Прочитано 1900 пати)

Отсутен ZombieMK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
Последниве неколку дена се изнамачив како од еден хард-диск да можам да инсталирам повеќе оперативни системи (во мојот случај Win7 и Win8).
Конечно успеав да го решам проблемот, па се надевам дека ќе му се најде на некој туторијалчево..

Во следните неколку чекори се наоѓа решението на проблемот: (http://www.neowin.net/forum/topic/948072-how-to-install-all-versions-of-vista-7-8-from-a-single-usb-hard-drive/ линк од оригиналниот туторијал)

1. За потребите на овој зафат потребен е програмот EasyBCD (новата верзија не работи, следете го линкот за верзија 2.0.2 http://www.oldversion.com/windows/easybcd-2-0-2).

2. Во Disk Management (десен клик на My Computer --> Manage --> Disk Management) најдете го хард-дискот и направете онолку партиции, колку што ќе имате верзии на Windows. (доколку имате потреба од некои екстра алатки, направете си и уште една додатна партиција за нив).

3. Копирајте ги сите фајлови од оригиналните инсталациони цд-ња / двд-ња во соодветните горенаправени партиции.

4. По инсталација на EasyBCD 2.0.2 стартувајте го програмот и во алатките од лево кликнете на Bootloader setup. Потоа во опаѓачкото мени од десно најдете ја вашата партиција (доколку имате додатна партиција за екстра алатки, селектирајте ја таа, во спротивно, било која новосоздадена партиција ќе заврши работа) и кликнете Install BCD.



5. По успешното инсталирање ќе се отвори ново прозорче на кое треба да кликнете „YES“.

6. Сега во алатките од лево кликнете на Add New Entry.

7. Во долната половина на прозорот, треба да е селектиран табот WinPE. Во полето type треба да пишува WIM Image (Ramdisk).

8. Во полето name внесете го името на оперативниот систем кој ќе биде инсталиран.



9. Десно од полето path има икона која треба да се кликне (browse), па по отварањето на новиот прозорец влезете во првата партиција, и во фолдерот sources селектирајте го фајлот boot.wim. По селектирањето кликнете на Add Entry.

10. За секој следен оперативен систем повторете ги чекорите од 7 до 9 со тоа што во чекор 9 секој пат ќе ја менувате партицијата, односно ќе го користите соодветниот boot.wim фајл.

11. Доколку сакате да додадете екстра алатки искористете го ISO Boot табот.

се надевам дека помогнав :D