Џиџи, браво за линкот, ми заштеди време да барам написи.
Гојдо другар да те прашам нешто, што мислиш ти каква улога ке игра тоа што викаш-предпоставуваш ти дека гумата е чувана непрописно од -20 до +40 и на степени дожд, ветер, сонце...
А гумите што ги возиме ние, за една година... нели ги поминуваат истите годишни времиња...
Или тоа е само, ако гумата сеуште не е монтирана на бандаж...
Кога гумата е монтирана на бандаж внатрешноста и е целосно заштитена. Покрај тоа кога се монтирани на возило, на сонце се изложени само едните делови од профилот. Другото е под сенка, не го вее ветер и не го врне снег.
Покрај тоа возиме летни и зимски гуми. Нивниот состав е различен и имаат различна издржливост во однос на температурата. Летната гума е поиздржлива на студ одошто зимската на топло и сонце. Па така несоодветно чувана зимска гума многу побрзо и неправилно (да речеме ќе и фалат парчиња) ќе старее, а зголемени се и шансите да распука при возење по спецфикации.
Бидејќи живееме во Европска Тунгузија, нашиве препродавачи, со чесни исклучоци, ги боли к*р каде и како се чуваат гумите кои ги продаваат. Битно е да се шитнат што повеќе гуми за што повеќе пари. Затоа ми е битно гумата да е тазе, т.е. дури и да е изложена на непогоди, временскиот интервал на непогодите да е што помал.