Автор Тема: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive  (Прочитано 78438 пати)

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7007
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #390 на: 09 Февруари 2026, 09:13:53 am »
Досаден си не дека не, ама педантен си секоја чест  ;D

А бе...

Добро.

Место да глеа гркинки на приморје... ама ај.

Бев минатата сабота, ми здосадија. Иам по-фетиш за Србинки, со нив полесно се разбирам, со овие доле, љага-љуга. Чекам ти кога ќе ме носиш, ти си почесто натака...

Све сина како ново на Сузукиво, освен лонецот.
По него се гледа дека имало Опел во близина ;D

Нека има, да се знае чија куќа мрсно јаде.

*само леб и маргарин

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7007
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #391 на: 22 Февруари 2026, 12:41:21 pm »
22.02.2026 година, 176.436 километри.

Заменети стабилизаторите, после безмалку две години и 24.266 километри. Ставени SKF VKDS 345013, по цена од 700,00 денари парче.



Десниот беше добар, на левиот горната јабучица - исто добра, но онаа на балансштанглата беше отидена скроз. Симптоми - малко тропање при вртење на воланот во десно и поготово при враќање во рикверц на десно.

Сега пак спие, нема звуци.

Вкупен трошок 1.400,00 денари. Работна рака гага, сам сработив.

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7007
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #392 на: 26 Февруари 2026, 08:39:37 am »
23.02.2026 година - регистрација. Техничкиот поминат, без забелешки.

Трошоци:

- Полиса + Oryx Europe од Халк, 5.030,00 денари
- трошоци на технички преглед 4.938,00 денари
- МВР 50,00 денари

Вкупно: 10.018,00 денари.

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7007
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #393 на: 27 Февруари 2026, 08:16:51 am »
Five-year ownership recap. Пет години се вози колата, до денес. Влегваме во шестата.

60.000 километри, плус 200-300, не забележав синоќа.

- 03.03.2021 година, прва промена на уље и филтри, 2.850,00 денари;
- 11.03.2021 година, нов акумулатор, 3.000,00 денари;
- 15.03.2021 година, сите бришачи, 528,00 денари;
- 19.03.2021 година, дополнување и регулирање на притисок во климата, 2.000,00 денари;
- 20.03.2021 година, поправка на механизмот за џамот од возачката врата, стегнав два шрафа, 0 денари;
- 23.03.2021 година, втор клуч комплет со далечинско, 6.000,00 денари;
- 24.03.2021 година, заменети ПК каишите и лагер затегач, 3.600,00;
- 09.04.2021 година, заменет антифризот, 600,00 денари;
- 23.04.2021 година, чистење на клапната, 600,00 денари;
- 20.05.2021 година, сет летни гуми, со монтажа и балансирање, 9.400,00 денари;
- 22.09.2021 година, уље и филтри плус свеќички, 5.281,00 денари;
- 25.10.2021 година, половни челични бандажи за зимски сет, со монтажа и балансирање, 6.020,00 денари;
- 10.11.2021 година, раткапни, 800,00 денари;
- 27.11.2021 година, заменети амортизерите на петтата врата и набавена патосница за гепекот, 2.183,00 денари;
- 21.12.2021 година, заменети глицеринот и уљето во мењачот, 2.550,00 денари;
- 19.01.2022 година, сијаличка на средно светло, лев фар, 125,00 денари;
- 24.02.2022 година, уље и сите филтри, 1.903,00 денари.
--------------------------------------------------------------------
- 20.07.2022 година, платнени патосници, 1.838,00 денари;
- 25.07.2022 година, уље и филтер за уље, 2.200,00 денари;
- 09.11.2022 година, чашки на рамења, 3.200,00 денари;
- 18.01.2023 година, бришачи напред, 618,00 денари;
- 02.02.2023 година, уље и сите филтри, 2.503,00 денари.
--------------------------------------------------------------------
- 02.06.2023 година, брисачи напред, 450,00 денари;
- 27.06.2023 година, уље, филтер за уље и плочки напред, 2.700,00 денари;
- 19.07.2023 година, регулирање на притисок во климата, 600,00 денари;
- 15.11.2023 година, глицерин, 200,00 денари;
- 02.12.2023 година, сијаличка за средно светло лево, 130,00 денари;
- 04.12.2023 година, сијаличка за средно светло десно, 210,00 денари;
- 23.12.2023 година, уље и сите филтри, 2.053,00 денари;
- 24.02.2024 година, сијаличка на регистарска табличка, 50,00 денари.
--------------------------------------------------------------------
- 23.03.2024 година, четири амортизери, буфери, лагери и стабилизатори, 10.587,00 денари
- 25.03.2024 година, центрирање, 1.000,00 денари
- 08.06.2024 година, пумпа за вода, антифриз, ПК каиши, 6.113,00 денари
- 30.06.2024 година, уље и филтер за уље, 2.400,00 денари
- 25.08.2024 година, уље и сите филтри, 1.694,00 денари
- 02.09.2024 година, сет квачило, сајла за квачило, уље во менувач, 13.915,00 денари
- 02.10.2024 година, надворешни спони, центрирање, 3.400,00 денари
- 02.11.2024 година, сијаличка на десно позиционо светло, 0 денари
- 04.11.2024 година, кугла од шалтер, 300,00 денари
- 18.11.2024 година, ладњак, антифриз, долги спони, гумици на баланс-штангла, чаури на рамења, манжетни на летва, центрирање, 17.970,00 денари
- 24.12.2024 година, батерии на даљинската на двата клуча (мајка ми го испра во машина едниот), 200,00 денари
- 28.01.2025 година, уље и филтер за уље, 2.022,00 денари
--------------------------------------------------------------------
- 29.06.2025 година, сијаличка за средно светло лево, 150,00 денари;
- 27.08.2025 година, уље и сите филтри, 2.444,00 денари;
- 14.11.2025 година, замена на глицерин, 200,00 денари;
- 24.01.2026 година, уље и филтер за уље, 2.672,00 денари;
- 07.02.2026 година, гуртни, мутери на добоши и глицерин, 2.080,00 денари;
- 22.02.2026 година, стабилизатори, 1.400,00 денари.

- Првата година 47.440,00 денари влог;
- Втората година 10.359,00 денари влог;
- Третата година 6.393,00 денари влог;
- Четвртата година 59.601,00 денари влог;
- Петтата година 8.946,00 денари влог.

Вкупно running costs - 132.739,00 денари.

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7370
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #394 на: 27 Февруари 2026, 08:33:58 am »
Единствено брзо ти прегоруваат сијсличките на Јапончето  ;D

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7007
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #395 на: 27 Февруари 2026, 08:40:57 am »
Фиксно - уље, филтер и ламби.

:D

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7007
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #396 на: 16 Март 2026, 19:03:46 pm »
16.03.2026 година, 177.114 километри.

Ставени летните гуми. Си зимските поминати 3.223 километри.

Заменето и капачето од позитивниот терминал на акумулаторот, броукен беше, 440,00 денари од Миркат. Благодарност до @Bravo што ми учини да отиде до таму да го подигне.






Отсутен Filip MK

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3036
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #397 на: 17 Март 2026, 09:25:31 am »
Дизел гледам во историјатот немаш променето сет ланче. На моето Гранде се мислам кога да го сменам, не се слуша, не тропка односно нема звук на олабавен ланец, а знам дека првиот сет секогаш е многу подолговечен и поквалитетен, освен еднаш ако не е веќе променет во CH мада се сомневам, не можам да ја протолкувам убаво сервисната, на француски ракопис е  :).
Ти се раководиш по нешто за промена на ланчето?
Своерачен потпис ;)

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7007
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #398 на: 17 Март 2026, 17:40:41 pm »
Овие мотори немаат проблем со ланчето. Ги има по YT, со по 350-400.000 тек пумпа за вода менуваат, така да... Ако случајно нешто покаже, тогаш ќе мислам. Сега за сега е екстра.

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7007
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #399 на: 03 Април 2026, 21:45:34 pm »
Пробував малку PDR некни…



Има уште тро работа, ама некни кратко ми беше времето. Ќе го доработам, иако не очекувам да биде испеглано 100%.

Има уште 2-3 места за чепкање, ама тоа кога ќе имам ептен време, пошто е досадна работа.

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7007
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #400 на: 13 Август 2026, 16:08:03 pm »
08.08.2026 година, 180.083 километри - редовен сервис.



Заменето:
- масло Fuchs Titan Syn MC 10W-40, 4l, 2.080,00 денари;
- филтер за масло Hengst H97W13, 222,00 денари;
- филтер за воздух Ashika 20-08-817, 159,00 денари;
- филтер за кабина со активни честички Kavo SC9509C, 263,00 денари, и
- работна рака - ич.

Вкупно: 2.724,00 денари.

Околу 6 месеци и 4.227 километри од последна промена.

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7370
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #401 на: 13 Август 2026, 18:03:34 pm »
Го чуваш ли старото масло за да им го шитнеш на експертиве?

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7895
  • French diamond
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #402 на: 13 Август 2026, 20:23:29 pm »
Јас ќе го земам за Пежото, на 10К му менвам, ни троши ни има некоја мака. Алфата дека на 8 му менував пак рикна Мултиаирот на пропишаните 200К. Ама секој како си сака, ни ми зел, ни ми дал.

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7007
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #403 на: 16 Ноември 2026, 10:28:07 am »
17.10.2026 година, 180.083 километри.

Заменета долната лајсна на прозорецот на возачката врата, се искина и не сакав без потреба да се полни вода во вратата или не дај Боже тапацирот.

Ја подзалепив старата со Victor Reinz, привремено, дур да стигне новата. А се забави, меесец ипол.







Од Миркат, 3.630,00 лајсната, 150,00 достава. Ашколсун за пакувањето.

08.11.2026 година, 182.405 километри.

Заменета пластичната чаура на десна страна на летвата.




Ова пластиче ја држи во баланс цела летва уствари. Луфта имаше со старата повеќе од 2 милиметри, а со тоа и неподносливо тропање на предницата на нерамнини.

Околу 750,00 денари од АлиЕскпрес, плус околу 350,00-400,00 денари специјален алат за вадење на долга спона од летва од Тему (btw, екстра алат, супер заврши работа).

11.08.2026 година, набавен сет од 4 зимски гуми, Momo North Pole Europa W-20, 185-60/R15, Маде ин Сербиа, 3426. Цена - 3.000,00 парче, или 12.000,00 сет, со бесплатна достава од еКупи.




Демонтажа / монтажа, балансирање и нови вентили - 1.100,00 ме кошташе.

Нови како нови гуми - супер меки. Ќе видиме да даље како ќе биде.

14.11.2026 година, 182.640 километри.

Заменет летниот со зимскиот сет. Испрано подвозје, подкрила, скоцкан и спакуван летниот сет, иако мислам дека на Riken-от оваа им беше последна сезона, март ќе купувам нови. Имаат доста dry rot на спојот меѓу нагазниот слој и страничниот ѕид.



Акумулаторот е на on it's way out, после безмалку 6 години, ама не се дава, едно 2-3 месеци веќе го осеќам. Најдолго што ме издржал акумулатор, и тоа за поприлично - плус година дена, што даље имплицира дека дополнувањето методично еднаш месечно ПОМАГА во продолжување на векот.

Возачкото седиште почна да ми прави ѓубре од доле, се распаѓа сунгерот, наскоро мислам дека ќе оди на репарација.

Отсутен MartinAlfista

  • Џовани Карбони
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18323
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #404 на: 16 Ноември 2026, 10:42:15 am »
Ми се свиѓа што им текнало на летвичка да ја залепат лајсната, иначе ќе стигнеше како баварски перек по карго :)

Момо гумите ги видов дека почнале да ги носат, тотално не очекував Момо гуми да постојат, ама освен што постоеле, ќе имаме шанса и за real world review од некој на Карклуб, така да браво за храброста ;D

Наздравје сервис!
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀