Автомобили > Генерално за Автомобилите
Alfa Romeo vs Everything Else!
Tischläufer:
А што праиме со фактот дека дизајнерот на Алфата инспирација влечел од Бубата?
Stratro:
--- Цитат: djidji на 31 Мај 2011, 16:16:08 pm ---
--- Цитат: Cuore Sportivo на 31 Мај 2011, 16:12:46 pm --- Јас на враќање се зајадов со зелена металик астра купе од постарите. Имаше огромен топ позади и до 170 - 180 км/ч се држеше одлично. Беше на Охридски таблици и се јадевме од втората патарина на Гостивар-Тетово до Сарај. На крај културно се поздравивме. Баш ме занима што мотор беше.
--- Крај на цитатот ---
1.4 атмосферец ;) ;D
--- Крај на цитатот ---
;D ;D
SaleSk:
Да бидеме искрени...Италијаните за дизајн се можеби врвот, на иновативноста им нема рамни, но за квалитет на краен производ не би рекол...Сепак далеку се зад нивните соседи по квалитет, однонсо Немачка, Француска споредбено по класи...
Во дизајн го вбројувам изгледот, а во квалитет го вбројувам моторот, неговата издржливост и генерално механичкиот дел...
Изгледот пак ке кажам е релативна работа и е ствар на вкус...
Искрено мене Алфиве нови ми се ептен фаци невидени, но кога до нив ке се паркира намуртено ауди, или пак некое БМВ со широките шкрги, некако ми ја засенуваат...
Квалитетот на изработка на ентериерот е по принципот што ке платиш тоа ке клатиш, така да за тоа нема споредба...Секој пакет опрема си носи свои поквалитетни делови во ентериерот итн...
А + можеш и да си го дотеруваш по вкус...
velestrumf:
--- Цитат: Falanga на 01 Јуни 2011, 20:17:38 pm ---
--- Цитат: velestrumf на 01 Јуни 2011, 18:23:33 pm ---Хјундаи и20 и Опел Корса... Толку :)
--- Крај на цитатот ---
Ааааа батка, кога спомна I20 кренав палец ама кога продолжи со корса се покака најискрено. Кажи дали некоја од корсата не е најубаво и бест селинг возило во својата класа....
--- Крај на цитатот ---
Ахххх... Ај погледни и20, и погледни Корса... Значи, ПОГЛЕДНИ само како изгледаат... И колку Хјундаито е копија на Корсата. Толку е муабетот, нити станува збор за дали некоја од нив е убава или бест селинг или што и да е... Ако не се лажам, зборевме за копирање стилови и слично, а не за статистички податоци во продажба... Пушти вода сеа...
MartinAlfista:
Зборевте за импресии од собирот во Маврово.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија