Не гледам како ова прашање е релевантно со претходниот муабет. Ама ако толку те интересира слободно провери и сам дека акциите моментално им вредат дупло него во 2015та, и веќе 5та година по ред имаат зголемен профит. Фирмата си прави пари, повеќе пари од претходно што имаат правено.
А и не знам што си се фатил за Конами, сите јапонски фирми за игри имаат преминато кон правење на мобилни игри не се само Конами.
Еве пошто се спомна број на игри, Коџима има направено 9 игри (twin snakes нема да ја рачунам затоа што е иста со Metal Gear Solid).
https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_Konami_games
Еве колку игри има Конами прозведено во своето постоење.(200 и некои од нив за повеќе платформи така да бројот може да се рачуна дека е многу поголем затоа што не работи истиот код на различни платформи)
Пак ќе кажам, остави рекла казала муабети и интернет теории на заговор. Коџима не беше отпуштен.
https://www.reddit.com/r/NeverBeGameOver/comments/8aeq3v/kojima_was_never_fired_and_konami_was_an_inside/
Единственото нешто што треба да се верува е овој пост.
Се што се деси може да е едноставно заеднички план да се исхајпа најрандом играта на што е излезена во многу долго време (Death Stranding), пошто студио не се отвара туку така и финансии за 100(300) вработени + Гилермо, Мадс Микелсен и Норман Ридус не се појавуваат од нигде. Дури е чудно што Сони го подржаа Коџима.
Па има врска бидејќи тргнувам од муабетот за мојата омилена игра која:
1.Kонами ја упропасти.
2. Со P.T Коџима си покажа за што е способен како треба и може да изгледа таа игра под негово раководтсво ( фантастично, оригинално), а успут беше доволно генијален да ги истрола пред да си оди. А си отиде бидејќи го симнаа од раководна позиција и негово место поставија човек кој на компанијата носи пари со безвезни игри за мобилни и фб. И ова не се интернет теории на заговор туку се факти кои луѓе ги прочитале на самата веб страна на Конами и направиле видео, какво што ти пратив погоре. Надвор од ова, немам некој посебен мотив да го бранам бидејќи нe ни работел со Team Silent ( оригиналната постава зад S.Hill), а од MGS имам изиграно само кец и два и се сеќавам дека беа одлични.
Рекла казала се муабетите на ликови како Twin Perfect - идиоти, наводно хардкор фанови на играта кои без грам доказ обвинија еден човек од Конами кој и сам сакаше да ја оправи работата со Silent Hill.
Изгледај. Да се рекла казала муабети, ни јас не губам време.
На крајот Коџима си отиде како голем уметник и креатор и основа своја компанија која продолжи да прави јаки високобуџетни игрици како Death Stranding со поддршка на Сони, а Конами остана компанија која ја занимаат само пари и тоа до таа мера што денес имаш Metal Gear Solid и Silent Hill на pachiko машини побогу. Не ме занима кај им се акциите сега како што на пример не би ме занимало колку се акциите на Columbia records откако го издадоа Blackstar од D.Bowie. Ме занима производот.
У вези линкот од reddit, не гледам зошто би верувал дека е така поради тоа што на крај Конами и името му го тргнале од MGS , го симнаа P.T од Playstore, а и Гилермо Дел Торо јавно ги "пцуеше" откако беше проектот откажан, а Коџима деградиран.
Воедно, го изгубија и најдобриот композитор..
https://www.engadget.com/2009/12/02/silent-hills-akira-yamaoka-officially-leaves-konami/