Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1407924 пати)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3780
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8985 на: денес во 20:10:09 »
Намената на дрвото е да послужи како поклопец на бунар. Сакам да ставам подебели даски, зашто бунарот е на нулта ниво, а пред некој ден на комшии деца влегле во бавчата по топка, и за малку ке настанало трагедија од епски размери зашо не виделе дека е привремено отворен, зашто и возрасен не би излегол ако падне.

Идејата ми е да направам дводелен поклопец, кој би се отварал со шарки по потреба, а кога треба да се вади бавча, да е поткренат доволно малку да има проток на вода низ црево, а сепак да е покриен. Моментално има палета врз него ставена, зашто ни не крај памет не ми беше дека некој ке влезе во бавча неповикан, и сакам да најдам побезбедно решение што е можно поскоро. И 5 години да издржат даските ке ми биде доволно, потоа пак би ставил нови.

Ако дрвото ти е битно за естеитка бркај добра импрегнација како на пример Белинка Импрегнат или Беллес, а потоа лакирај со лак за екстериер базиран на вода - Белинка Екстериер, или емаил за дрво Белинка Екстериер, со претходно нанесување на прајмер. Добри искуства долгогодишно сме имале со Белтоп и тој има УВ заштита.

Има и самопрајски премази што можеш да ги користиш доста добри. Еве ти едно видео, сум го пробал ова во комбинација со терпентин и пчелин восок, ама може и варијатна со фирнајз и восок од свеќа.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54785
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8986 на: денес во 20:14:23 »
Пред се и до дрвото е работата. Имено има дрва кои се поотпорни на влага, да видиш тиково дрво ова она што е за огради и за столчиња. Или оние даски за надвор што се за под. Нешто така, па после да мачкаш згроа импрегнација и лак и све.