Автомобили > Генерално за Автомобилите
Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
osmica8:
Се случуваат чудни работи во Битола. Само многу лошо е што се е поврзано со полита и пари перење.
Јас не сум за плаќање на паркинг, ЈАВЕН!
Не можи некој да си го исцрта со боја тротоарот или улицата и да наплаќа. На почеток не беа ниту исцртани.
Срамота невидена е ова.
А шо да прајш, кај шо има овци ќе има и волна.
Ќе си плаќаме како тоа да е најнормална работа.
DasAuto.:
Нека плаќаме,ама да е бележано како што доликува,да има безбедносни камери,да има човек кој нон стоп ќе ги следи колите. а седнал вбутка му даваш пари зрп на дугме крева и спушта рампа друго не го интересира...или онај пред јавор боди билдинг си игра со бандашот ставен за да ја крева рампата.
Dekio7:
Јас сум за да има платен паркинг, т.е. низ цел град да се плаќа. Моментално на кој кај му текни таму остава кола, ако треба едно на едно ги клават. Некој ред мора да се напрај.
Deni:
1.Немаше ред во паркирањето.
2.Рекоа дека со платени паркинзи ќе се направи ред.
3.Се направи некаков ситен ред на паркинзите.
4.Траеше некое време додека не се направија сите паркинзи платени.
5.Сега нема никаков ред на паркинзите исто како кога почнавме.
6.Се што е сменето е тоа што сега хаосот си го плаќаме.
DasAuto.:
Декио.....прво мора да напрат паркинг за да наплаќат , кај ќе плаќаме , покрај драгор? позади пелагонка 2? немаме салам паркинг,нека кренат катна да собира повеќе коли па да има и зошто да плаќаме.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија