Автомобили > Генерално за Автомобилите

Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.

<< < (356/356)

nikola98:
Спроти Џамбо, има голем плац, и гледам сите паркираат, кој сригне и фати место.
Имаш месечна карта, кај градска паркингот.
Имаш до тинексот голем паркинг, ама не знам дали е само дневен.
Имаш катна гаража, после тинексот.

MartinAlfista:

--- Цитат: Lone на 23 Мај 2025, 14:56:14 pm ---Ќе живеам под кирија во стан во Пролет, но без купопродажен договор на нотар. Пред зградата има резидентски паркинг. Не сум жител на Скопје

Не можам да извадам официјален документ/налепница за резидентскиот, па кои ми се опциите? Каде најблиску околу Веро/Анхоч дирекција/Железничка има див паркинг или паркинг каде што можам да купам месечна карта?

Дали во Веро паркингот има опција за месечно? Дали можам на друг станар да му платам за моето возило да го пријави како второ возило? Кои ми се опциите, ништо не знам

--- Крај на цитатот ---

Личи дека Градски Паркинг (кој претпоставувам стопанисува со тие паркиралишта таму) има опција за физичко лице без некои посебни обврзувања со адреси итн итн. Ако е ПОЦ, со среќа, ништо нема да постигнеш.

Кога живеев како станар, и со договор на нотар не успеав да извадам резидентна карта, бидејќи бараа да си пријавам адреса по ЛК на тоа место (разбирливо, иако зашто би рентал стан и би бил пријавен во катастар како корисник ако не планирам да живеам таму).

Еве што вика сајтот на Градски Паркинзи, ама поарно јави се и прашај си за оваа конкретна опција (не спомнувај што ти е конкретното сценарио). Ако праша, имам потреба да паркирам често, ќе си платам све што треба.


--- Цитат ---КАТЕГОРИЈА ФИЗИЧКО ЛИЦЕ

Важечка лична карта - на увид
Сообраќајна дозвола
Со оваа категорија право на стекнување има секое физичко лице што има потреба од користење на паркинг услугите на одредена зона на јавните површини т.е јавните паркиралишта наменети за паркирање.
--- Крај на цитатот ---

Bompom:

--- Цитат: Lone на 23 Мај 2025, 14:56:14 pm ---Ќе живеам под кирија во стан во Пролет, но без купопродажен договор на нотар. Пред зградата има резидентски паркинг. Не сум жител на Скопје

Не можам да извадам официјален документ/налепница за резидентскиот, па кои ми се опциите? Каде најблиску околу Веро/Анхоч дирекција/Железничка има див паркинг или паркинг каде што можам да купам месечна карта?

Дали во Веро паркингот има опција за месечно? Дали можам на друг станар да му платам за моето возило да го пријави како второ возило? Кои ми се опциите, ништо не знам

--- Крај на цитатот ---

Во Мичурин од другата страна на железничка с. има повеќе диви и регуларни бесплатни паркинзи.

Blackcar:
Дечки, дали паркингот кај педагошка на булеварот е бесплатен и дали е дозволено таму да се паркира, покрај оградата однадвор?

andrejnaumovski:

--- Цитат: Blackcar на 02 Септември 2025, 08:44:40 am ---Дечки, дали паркингот кај педагошка на булеварот е бесплатен и дали е дозволено таму да се паркира, покрај оградата однадвор?

--- Крај на цитатот ---

Нема паркинг таму, освен обележаните за таксисти места, ама тоа никого не спречило до сега

Навигација

[0] Индекс на пораките

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија