За ценкањето ја потврдувам во Швајцарија..на голфот ко го купував му спуштив 500 франака ко ништо...
Можно е и повеќе, ако возилото е при крај со регистрација, поради што една обична припрема за регистрација се наплаќа од 700 до 1000 франци..така да, тоа може да се одземе ако возилото е за експорт.
Во ред е тоа за кола со недостаток, зборуваме за кола во беспрекорна состојба, не за препродажба, туку за своја душа.
Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk
Не дека возило пред истек на регистрација не е во беспрекорна состојба, туку општо припремата која што ја бараат е премногу строга и обично кошта доста..на 2-3 години е за понови возила. Затоа викам може да има голема разлика.
Пример еден сервис у овластен сервис (улје, филтри) ме кошта секогаш преку 400 франака.. Работната рака е скапа, таке да се си повлекува.
За регистрација или MFK ( како што го означуваат они ), освен што дисковите не смее да ти бидат изедени под толку милиметри, гумите со валидни крампови, бараат да биде комплетно испран надвор, целосно очистено подвозјето и беспрекорно чист ентериер. Моторот мора да биде испран комплетно и да нема никакви остатоци од уље.
Сите сијалици во ентериерот мора да функционираат, сите греачи, надворешни сијалици, кочници, каросеријата да нема корозија воопшто.
Поради што немаш услови да ги изведиш овие работи пред зграда или у двор и немаш соодветни услови, најчесто оставаш возило кај сервисер, он знае што да направи и само ќе ти достави фактура што променил и ти врши услуга да го помине на технички преглед.
Обично луѓе гледаат да ги шитнат пред да дојде тоа и само им обара цена за да не се замара. Имас голф 5 од 3-4000 франака па се до 10 000, зависно од годините, опремата и валидноста на регистрацијата