Дечки знам дека ке почнам пак да трујам со глупости и ке отворам можеби веќе непотребна дебата за телефониве, ама стварно немам време да барам (а знам дека имало муабети многу на истава тема).
Сеа се наоѓам у една гоооолема дилема Ајфон или Галакси с4?
Никогаш не сум бил фан на i уредите, ама еве користам иподче веќе некое време и почнувам да го засакувам и сфаќам ајфонот како смартфон. Тука малце поразлично се гледа на работите...апликации се плаќаат и мене ама ич не ми смета тоа, дури со мерак го правам тоа. апликациите се користат поразлично имаш со кого да ги користиш и слично, и ајфонот како концепт функционира прекрасно. ама ипак андроид си го сакам поради други работи...
Стварно веќе врска неам што да си зеам...некој предлог зашто овој или оној?
Очекувам Марјанот да се изјасни на темава, пошто неговото мислење особено го ценам.

Многу битна работа.
Од друга страна, треба да се помириш со исклучително затворениот и елитистички пристап на Епл, при што они ти викаат „ние знаеме што е добро за тебе“. Најчесто тоа е ОК, ама за некои банални работи, нига плиз. Веројатно затоа работи како песна, оти оперативниот систем е направен за тој телефон, а не за милион телефони, па потоа адаптиран према некој уред. Какви се’ ствари и стварчици ќе најдеш за ајФон, тоа е нешто ненормално. Но, имај предвид дека ако некад ти затреба сервис за ајФон, веројатно ќе те кошта многу поише отколку за Андроид телефон.
Ѕ4 е блудница од „телефон“. У наводници е, пошто е огромен, ѓоа кујнска плочка, али веројатно и тоа е ствар на навика. И имајќи ги предвид твоите физички предиспозиции, ќе треба да го носиш у ташниче, оти немаш толку големи панталони

Арно ама, што се’ имаат набиено у него, под рука со огромниот прекрасен екран, прави ептен да се замислиш.
Исто така, ако се решиш за дубинско рчкање на телефонот, колку што знам, за Самсунгот имаш многу поголема поддршка, отколку за ајФон. Особено што у задно време Епл многу убаво ги затвара „дупчињата“, па џејлбрејкот станува се’ потежок. Не дека не можеш да живееш без џејлбрејк, ама ќе ти бидат ускратени многу работи кои ајФонот ги може, ама не ти се дозволени
