Ова за филипв што не веруваше дека Ноте 4 има подобра камера од дигиталец обичен. 
Што е „дигиталец обичен“?
Не е за верување или неверување. Постои нешто што се вика
аголна резолуција и таа на мало стакло не може да биде добра, па не-знам-каков сензор да има позади стаклото. Taкви си се законите на физиката:

Oва е равенката за резолуција, т.е. за големината на најситниот детал. Она "D" е ширината на отворот низ кој влага светлината.
Помал отвор = поголем најситен детал =
помала резолуција. Толку, крај. Тука
не помага воопшто резолуцијата на сензорот. Таа може да биде и 124005 терапиксели. Се што ќе постигнеш е со огромна резолуција да фаќаш матна слика.
Башка што и сензорот е физички мал што значи дека - освен ако не е сјајен, светол сончев ден - сликата ќе има и шум. Па така, ќе добиваш слики во кои со голема резолуција се фатени хроматска аберација и шум. Шум во висока резолуција и огромни фајлови. За онакво мало стакленце и 2 мегапиксели се премногу.