Новите информации за грчката криза и за немоќта на грчката влада да ги исполни предвидувањата на ММФ за буџетскиот дефицит повторно ја намалија цената на нафтата на светските берзи.
На берзата во Њујорк, цената падна за 47 центи и сега изнесува 78,73 долари за барел. Во Лондон пак, цената на црното злато се спушти за 34 центи на 102,42 долари.
Грција денеска призна дека нема да ги исполни очекувањата на ММФ и ЕУ за предвидениот буџетски дефицит за 2011 година. Атина соопшти дека дефицитот ќе биде 8,5 отсто од БДП годинава, што е за 7,4 отсто повеќе од очекувањата.
Еврото падна во однос на доларот на 1,3314 што е најниско ниво од јануари.