Автомобили > Генерално за Автомобилите
Цена на горива
n1kola:
Е добро де, ако е така како што велиш и да го пријавиш нема да сноси одговорност и никому ништо.
AUUU:
Малце го качија бензинот:
https://www.carclub.mk/2026/06/01/benzinite-poskapuvaat-dizelot-poevtinuva-za-6-5-denari/
HoLfElDeR:
--- Цитат: balanar на 27 Април 2026, 20:18:01 pm ---
--- Цитат: DarthJe5us на 27 Април 2026, 18:07:24 pm ---
https://pari.com.mk/drzavnite-koli-samo-sluzbeno-prijavi/
Пријави злоупотреба на 070 399 050
--- Крај на цитатот ---
Секако дека не знам од која институција е колава, ама има еден куп државни работи што користат бензин/дизел за потребите на некоја институција или претпријатие, да не се коли, а да мора да се точат во канистри на бензинска, па потоа да се преточува каде треба.
Пример - косачки за трева, моторни пили, од тие дувалките на лисја, генератори на струја...
Ќе ги носите косачките до бензинска или како? Пилите?
Кога ги поправаат водоводните цевки - струја од дома им давате да ги приклучат бушалиците за бетон или?
Размислете малку, први сте за пријавување, а последни за размислување.
--- Крај на цитатот ---
Јас колку што знам такви претпријатија си распишуваат тендер за набавка на горива и слично. Едино ако е некое мало претпријатие кое има потреба од малку бензин
balanar:
Тендер за набавка на гориво не значи да ти носат туби со гориво за косачката или за моторните пили.
Или како мислиш дека тоа функционира - ти носат резервоар во фирмата од X тони и ти преточувај си?
Ова се секојдневни работи, никој од тие што го добиле тендерот нема да ти додели вработено лице за да ги носи (на тој што го огласил тендерот) овие работи од бензинска до терен.
Еве пукнала цевка за водовод во 2 вечер, одат од Водовод дежурни екипи и ќе си земат генератор на струја со нив.
Ќе го чекаат тој што го добил тендерот да им донесе гориво на лице место? Не. Се прави како на сликата погоре, се фактурира (каде треба) тоа што се точи и тоа е тоа.
Skywalker:
И да добие на тендер пример макпетрол, ќе им подели верна картици на фирмата. Па со нив ќе си полнат гориво.
Навигација
Оди на целосна верзија