Автомобили > Генерално за Автомобилите

Цена на горива

<< < (2464/2465) > >>

Power to the people:
1-2000ка нафта плус месечно многу не менува во резервоарот, поскапувањето на се друго менува.

draganamon:
Малер денес.
Сум заборавил да вклучам интернет на телефонот.
Ставив 3000 дизел, и појдов внатре да платам.
Додека чекав на ред сакав да ја постирам сликата и да се нашалам оти дечково со државна кола полни 4 туби во багажник, и како кога возиш државно немаш проблем со цената на горивата, ко демек не е скапо горивото, ти немаш државна кола ... ,и приметив дека немам интернет, го вклучив интернетот и одма ми стаса нотификација дека ке се намали цената за 2.5 денари.
Додека чекав на ред.
И така, повеќе среќа наредниот пат.


DarthJe5us:

--- Цитат: draganamon на 27 Април 2026, 17:46:24 pm ---Малер денес.
Сум заборавил да вклучам интернет на телефонот.
Ставив 3000 дизел, и појдов внатре да платам.
Додека чекав на ред сакав да ја постирам сликата и да се нашалам оти дечково со државна кола полни 4 туби во багажник, и како кога возиш државно немаш проблем со цената на горивата, ко демек не е скапо горивото, ти немаш државна кола ... ,и приметив дека немам интернет, го вклучив интернетот и одма ми стаса нотификација дека ке се намали цената за 2.5 денари.
Додека чекав на ред.
И така, повеќе среќа наредниот пат.


(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

--- Крај на цитатот ---

https://pari.com.mk/drzavnite-koli-samo-sluzbeno-prijavi/
Пријави злоупотреба на 070 399 050

n1kola:
Алфа службена, уште то го немало  ;D Сигурно некоја јака фирма  :)

balanar:

--- Цитат: DarthJe5us на 27 Април 2026, 18:07:24 pm ---
https://pari.com.mk/drzavnite-koli-samo-sluzbeno-prijavi/
Пријави злоупотреба на 070 399 050

--- Крај на цитатот ---

Секако дека не знам од која институција е колава, ама има еден куп државни работи што користат бензин/дизел за потребите на некоја институција или претпријатие, да не се коли, а да мора да се точат во канистри на бензинска, па потоа да се преточува каде треба.
Пример - косачки за трева, моторни пили, од тие дувалките на лисја, генератори на струја...

Ќе ги носите косачките до бензинска или како? Пилите?
Кога ги поправаат водоводните цевки - струја од дома им давате да ги приклучат бушалиците за бетон или?

Размислете малку, први сте за пријавување, а последни за размислување.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија