Автомобили > Генерално за Автомобилите

Цена на горива

<< < (2463/2465) > >>

Jimny:
Никаде во светот немам сретнато ваков мајндсет. Празник е каков и да е, се одбележува. Ја почитувам слободната воља на секој човек: дали е атеист, будист, католик или православен – секој нека си верува во што сака, тоа е негов избор. Ниту ме интересира, ниту ми пречи.
Но, еден од поубавите празници – а луѓето се однесуваат како муви без глава, бегаат што подалеку од својот дом. Тоа не го разбирам. Ваму крстови околу огледала, икони по раце… а за празник – контра, да не си дома. Каде е тука хармонијата?
Акочовек има  семејство – сопруга, дете, мајка, татко, брат, сестра, пријатели – зар не е логично тие денови да се поминуваат заедно, едни кај други? Наместо тоа, сите бегаат што подалеку од својот дом.
За каков празник зборуваме тогаш? Зар не постојат други денови за шетање и излегување? Баш овие денови отсекогаш биле за дома, за блиските, за заедништво.
Вакво нешто моево око нема видено, а има видено многу.

MecheTo:
Не гледаш дека се е удрено на разврат,пола од нив да ги прашаш не знаат шо празник е.Ако ти  е успех во животот за еден од нај големите христијански празници да си сликан во било која странска или домашна туристичка дестинација ти нема лек. ;D

Skywalker:
10 евра плус за гориво до Солун не менува ништо. Гужвата е поради ЕЕС.

Bravo:
За Бадник, Божиќ и Велигден треба дома да си. Од друга страна ако се земе предвид какви сопки се прават за нешто тривијално како земање ден или два од годишен одмор, за луѓето да ги прошетаат семејствата некој ден надвор од грдово северно сивило,  не ги обвинувам што гледаат да прошетаат.

Во многу фирми вработените имаат 20 дена годишен одмор, макар имале и 39 години стаж, од кои 12 се принудени да земат летно време (макар и август по кеиф на газда зошто тогаш и он е на одмор), 5 за време на новогодишни празници (пошо газдата споил), и уште 2 или 3 што мораат да ги џонглираат за какви ти не животни ситуации (дете се разболело, административни срања итн.).  Така да намалете со хејтот ако некој одлучил да здивне 2-3 дена и да гледа у море.

FiLo:
Цената на барел нафта во 2008-09 година беше максимални 148 долари за барел, но доларот беше послаб.

И тогаш бензин и нафта беа околу 90 денари по литар кај нас. Тогаш и немавме дефинирано минимална плата, па народ работеше за 5-8000 денари плата.
Тие што земаа плата 20-30 000 денари се сметаа за богаташи во тој период.

2012та исто така цена нафта-бензин кај нас беше накај 100 денари.

2022раа исто нафта-бензин по литар беше рекордни 112 денари по литар.


И може слободно да се изанализира наназад, барем сега со АИ е лесно да се најдат податоците да се види дека редовно на 5-10 години се прават кризи, скока цена на едно, паѓаат берзи, па нафта паѓа, берзи одат нагоре.


Ништо поразлично не е ова од она во 2022-ра, 2012та, 2008-ма, војната Југославија 90ти, нафтена криза 70ти години.

Едноставно тоа е циклусот на капитализмот нажалост.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија