Автор Тема: Намалување на потрошувачката.  (Прочитано 265027 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10487
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #75 на: 09 Февруари 2011, 21:47:34 pm »
znam deka edinstven problem vo neiskoristenost e toa shto odi fira mnogu vo toplina-vo idealni uslvi 1/3. E sega ako izmislat nekoj materijal shto nema da ja prima toplinata ili ako na nekoj nacin toplinata se pretvori vo kompresija t.e. vo pritisok... isto taka ima zagubi oradi inercijalnite sili-zamaec radilica klipovi..... sili an triene vo oskite.... koi se poizrazeni na povisoki obrtai.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10487
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #76 на: 09 Февруари 2011, 21:48:34 pm »
p.s. toa vazi za tipovi na motori shto ni se oznati vo denesnicava...

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #77 на: 09 Февруари 2011, 22:03:28 pm »
Цитат: zeroSignal
- При успорување, не ставајте во лер. Додека е колата во лер моторот мора сам да оддржава ~750-800 вртежи. Кога е во брзина, вртењето на тркалата го врти, и не троши воопшто гориво. Ставете во лер пред да застанете.
Јас со ова нема да се согласам. И кога правите моторно, возилото троши, колку повисок обрт толку повеќе. Кога во лер, моторот работи на т.н. idle гас при што моторот врти на idle вртежи (тие 750-800 вртежи). Всушност минималната гас за која работи моторот е токму таа idle гас. Во секоја друга ситуација, ако ја притиснете папучата за гас, гаста само ќе се зголеми. Е сега, без притискање на папучата, потрошувачката ќе зависи од бројот на вртежи. Гаста е константна, меѓутоа не и бројот на полнења во една секунда или минута. Кога колата е во лер и моторот врти на 800 вртежи, за 10 секунди моторот ќе биде наполнет 80 пати со запаллива смеса. Но ако правите моторно кочење од 3000 вртежи па се до 1500, тогаш за 10 секунди моторот ќе биде наполнет од прилика околу 225 пати. Значи повеќе гориво се троши така.

Сепак, јас не би препорачал колата да ви биде во лер никогаш освен кога стоите. Кочењето без мотор е многу потешко и понесигурно и драстично повеќе ги јаде дисковите и плочките за кочење. Значи моторно до низок обрт во втора, т.е. до пред да почне возилото да сецка и трокира за гасње. Тогаш се става во лер и се кочи со кочница.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29719
    • CARclub.mk
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #78 на: 09 Февруари 2011, 22:13:29 pm »
Кај поновите возила, при целосно отпуштање на педалата за гас има систем за fuel cut-off, кој целосно го прекинува вбризгувањето на гориво. Моторот продолжува да врти, али без гориво. За ова сум 100% сигурен, и ми го потврдија и во BMW, и од VW. Конкретно имам приметено кај Леонот мој, кога сум во лер покажува некоја потрошувачка од 0.7 литри на час, а кога во движење ќе отпуштам педала целосно, прикажува 0/100 км.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10487
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #79 на: 09 Февруари 2011, 22:17:34 pm »
сепак незначителна е разликата од кочење во лер до моторно кочење, башка на подолга удолница, на пример, може да прегреат дисковите, и поздравете си со кочење... значи не вреди да се ризикува живот за 300 грама бензин... според мене

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #80 на: 09 Февруари 2011, 22:19:27 pm »
Кај поновите возила, при целосно отпуштање на педалата за гас има систем за fuel cut-off, кој целосно го прекинува вбризгувањето на гориво. Моторот продолжува да врти, али без гориво. За ова сум 100% сигурен, и ми го потврдија и во BMW, и од VW. Конкретно имам приметено кај Леонот мој, кога сум во лер покажува некоја потрошувачка од 0.7 литри на час, а кога во движење ќе отпуштам педала целосно, прикажува 0/100 км.

Не може да е 0 литри/час или км, поентата е што сензорот за проток на гориво (т.е. мерење на волуменот), меѓудругото е врзан и за педалата за гас односно нејзината положба - затоа покажува така ;)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10975
  • 430i
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #81 на: 09 Февруари 2011, 22:24:35 pm »
Кај новите модели, при отпуштање гас се прекинува доводот за гориво, затоа се препорачува да забавува во брзина, а не во лер.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #82 на: 09 Февруари 2011, 22:27:59 pm »
Кај новите модели, при отпуштање гас се прекинува доводот за гориво, затоа се препорачува да забавува во брзина, а не во лер.

Не ми е јасно како работи без гориво? Еве се пуштам од Стража надолу и цело време кочам моторно ...

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #83 на: 09 Февруари 2011, 22:29:12 pm »
Ме стави во мисла ZeroSignal. Нема да тврдам за новиве возила со ECU, треба да прочитам кога ќе имам време. Но за сите оние кои имаат карбуратор важи таа приказната шо ја пишав погоре во пртеходниот мој пост.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #84 на: 09 Февруари 2011, 23:14:33 pm »
Ме стави во мисла ZeroSignal. Нема да тврдам за новиве возила со ECU, треба да прочитам кога ќе имам време. Но за сите оние кои имаат карбуратор важи таа приказната шо ја пишав погоре во пртеходниот мој пост.

Па ако е ECU, не е перпетуум мобиле :) И самиот знаеш дека за да моторот работи во лер или при моторно кочење или како и да е, мора освен 14,7 делови ВОЗДУХ да има и еден дел на ГОРИВО!

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #85 на: 09 Февруари 2011, 23:23:39 pm »
Кај новите модели, при отпуштање гас се прекинува доводот за гориво, затоа се препорачува да забавува во брзина, а не во лер.

Ма и кај старите модели се препорачува забавување во брзина, а не во лер, нормално!

Отсутен zOkO

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
  • брм брм
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #86 на: 09 Февруари 2011, 23:31:17 pm »
Ново ауто со 4 диска по мене е безвезе да го кочиш моторно
I don't discriminate, I hate

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #87 на: 09 Февруари 2011, 23:33:13 pm »
Еве што вели Wikipedia:

Fuel cut
With fully closed throttle and engine RPM over 1900 RPM and with third, fourth and fifth gear a fuel cut will occur after a small delay (some second). On automobiles with automatic transmission fuel cut is active in all stages. The injectors are reactivated when the RPM hits 1400 RPM.
What does a fuel cut off switch do? - It prevents fuel from pumping after an accident occurs.


« Последно менување: 09 Февруари 2011, 23:40:54 pm djidji »

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10487
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #88 на: 09 Февруари 2011, 23:54:45 pm »
pa ako e novo vozili i ako mu se novi kocnicite, едно повеќе се арчат, друго сепак треба да се јаглеродни за да издржат високи температури, ама пак јаглеродните при нормално возење многу слабо кочат, што значи дека не се. Оклу вбризгувањето на бензин во лер-мислам дека е возможно ама не практично- фактички моторот треба да е изгасен, а ако с егаси при моторно кочење, едно многу ќе кочи друго кога ќе нагазиш наеднаш ќе се запали и тоа при 2000 обртаи да речиме, мислам дека нема да издржи долго така. може некоја минимална количина на гориво за да враќањето во функција не дојде така нагло... инаку на википедија можеме и јас и ти да си пишеме што сакаме, не фаќај здраво за готово. Така ја размислувам, па којзнае као е точно. На корсата што ја имав при моторно кочење се отвараше некој воздушен вентил осле филтерот!? барем така разбрав од "service manuals"

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #89 на: 10 Февруари 2011, 00:27:02 am »
Аман со рекла-казала. Возилото треба да е секогаш во брзина освен кога стои. Кочници не треба никогаш да се користат освен кога мора. Најубаво би било ако го симнеш цело брдо без кочница, и ако застанеш на семафор без кочница.
Возилото НЕ троши гориво кога се движи во брзина без притисната гас и е над 900 вртежи, кај возила без карбуратор. Не треба да се кочи со стиснат куплунг, тоа се учи меѓу првите работи при полагање за дозвола.
Нема врска дали има 4, 6 или 11 диска возилото, и боже господе што прочитав, за 4те диска.